Свет
Уапсени десет руски шпиони во САД
Десетмина се уапсени во САД под обвинение дека шпионирале за владата на Русија, пишуваат американските медиуми. Агентите во текот на операцијата се претставувани како обични граѓани, а некои од нив живееле со години како брачни двојки.
Десетмина се уапсени во САД под обвинение дека шпионирале за владата на Русија, пишуваат американските медиуми. Агентите во текот на операцијата се претставувани како обични граѓани, а некои од нив живееле со години како брачни двојки.Уапсените се обвинети за дејствување како незаконски агенти од страна на владата, прекршок за кој е предвидена затворска казна во траење до пет години.Групата се соочува и со тужба за планирање за перење пари, за што е предвидена затворска казна од 20 години.Според пораките наведени во документите на судот во Њу Јорк, шпионите собирале информации за производство на нуклеарно оружје, позицијата на САД за вооружување, за Иран, информации од Белата Куќа, промена на власта во американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) и политичките партии.Во соопштението од американското Министерство за правда стои дека осум осомничени спроведувале долготрајна тајна задача на американската територија, а извршувале обични работи за не предизвикаат сомнеж.Шпионите најверојатно биле обучени од Руската разузнавачка служба да се вклопат во политичките кругови за да собираат информации.Американските државници соопштуваат дека шпионскиот ланец е откриен по долгогодишна истрага на агентите од Федералното истражно биро (ФБИ), кои се претставувале како Руси и добивале информации од двајца од осомничените.Руското министерство за надворешни работи, оцени дека има многу контрадикторности во информацијата за откривањето на руската шпионска мрежа во САД.„Има многу контрадикции, ги разјаснуваме работите, водиме истрага“; рече портпаролот на руската дипломатија Игор Љакин – Фролов.И пред тоа министерството за агенцијата Интерфакс назначи дека „информацијата е контрадикторна, а руската дипломатија се воздржува од секаков коментар“./крај/блиц/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.