Свет
Анализа на „Дојче веле“: Вистинскиот тест на самитите на Г-20 допрва доаѓа
Аналитичарот на „Дојче веле“, Хенрик Боеме, вели дека самитот на Г-20 во Торонто, Канада, минатиот викенд донесе и разочарување и изненадувања и остави вистинската вредност на таквите средби да се оценува во некоја друга прилика.
Аналитичарот на „Дојче веле“, Хенрик Боеме, вели дека самитот на Г-20 во Торонто, Канада, минатиот викенд донесе и разочарување и изненадувања и остави вистинската вредност на таквите средби да се оценува во некоја друга прилика
Можете многу да сторите со една милијарда долари (810 милиони евра). На пример, можете да обезбедите пристап до чиста вода за пиење за 50 милиони луѓе. Или да ги спасите животите на 800.000 деца.
Или можете да ги потрошите тие пари на гигантска средба на врвот, како онаа во Канада во текот наминатиот викенд. Лидерите на осумте водечки индустријализирани нации, а подоцна и на 20 најбитни економии, се сретнаа во Торонто. Со оглед на цената на средбата, резултатите се многу слаби.
Но, постои и друг аспект на целата работа: со оглед на тоа колку пари се потрошија неодамна за да се спасат одредени банки, па и цели држави , една милијарда долари и не е многу. На глобалните финансиски пазари им е потребно преструктуирање: тоа на сите им е јасно. Но, кога се работи за тоа како политичарите треба да ги изведат тие промени, тогаш се сведува на детаљите.
Светот на финансиите има цела легија на лобисти, кои се постојано на терен и се борат против претераната регулација. Економиите не можат да функционираат без пари и, секако, регулациите не смеат да бидат толку строги што ќе ги истиснат животните сокови од банките. Една економија не може да функционира без ликвидност . Но, банките треба да си ја повратат нивната основна улога: онаа на обезбедувачи на услуги за стопанството, а не да се однесуваат како коцкари кои не си ги знаат границите. Исто така, кога банките пропаѓаат, не смеат со себе во пропаст да го повлекуваат и целиот финансиски систем.
На масата е ставен планот за новата архитектура на нашиот финансиски систем, гордо откри американскиот претседател Барак Обама во Торонто. Се очекува неделава законот од оваа област да мине во конгресот на САД. Европјаните беа импресионирани и сфатија дека треба да побрзаат со носењето на нивниот план.
На самитот му претходеше цела грмотевица од несогласувања: Америка против Германија, потрошувачката против штедењето. Но, на крајот разумот превладеа и беше претставена една многу амбициозна формула: раст преку интелигентно штедење.
Овој вид на конфликти е битен. Во завршните анализи, играчите се наоѓаат на девствена политичка почва. Никој не може да го даде крајното решение, затоа што секоја земја се соочува со различни услови. Оттаму, дебатата нема ни победници, ниту, пак, поразени – и тоа беше големото изненадување во Торонто.
Но, финансиската криза ги истурка другите интересни теми, како што се климатските промени, или борбата со сиромаштијата и гладта, надвор од агендата. Во овој момент, дури и богатите држави признаваат дека не ги исполниле своите ветувања кон сиромашните. Можеби затоа поскорешните ветувања, како тоа за борба против смртта на мајките и доенчињата, предложена туку, во Торонто, се некако поскромни.
Мизерно е чувството кога ќе се сфати колку пари богатите држави се подготвени да расфрлаат наоколу, само за да си ги сочуваат сопствените глави над површината на водата. А тоа е големото разочарување кое дојде од Торонто.
Какви и да се, земјите од Г-20 мора да се здружат. Во одреден момент, кризата која ги присили да се здружат, ќе заврши. А воведувањето на реформи на финансискиот пазар би можело да ја подели оваа група. Г-20 се разликува од Г – 8 со самото тоа што сите земји – членки не го делат истиот вредносен систем. Звучи позитивно кога Кина не само што ја олабавува својата монетарна политика во очи на средбата, туку во текот на самитот и самата се залага за одржлив развој.
Во секој случај, вистинскиот латмус-тест за Г – 20 допрва доаѓа, бидејќи повеќето значајни одлуки во врска со новиот светски финансиски поредок беа турнати „под чергиче“ за наредниот самит во Јужна Кореја. Големата криза не беше толку одамна. И само во Сеул ќе можеме да погледнеме наназад и да го оцениме успехот – или недостигот од успех – на самитот во Торонто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.