Свет
Ал Каеда ги подготвува првите он-лајн пропагандни весници
Терористичката организација Ал Каеда се подготвува да почне да објавува он – лајн пропагандни весници на англиски јазик, потег што аналитичарите го оценуваат како можност да регрутира членови во САД и Европа, пренесува Фокс Њус.
Терористичката организација Ал Каеда се подготвува да почне да објавува он – лајн пропагандни весници на англиски јазик, потег што аналитичарите го оценуваат како можност да регрутира членови во САД и Европа, пренесува Фокс Њус.
Ал Каеда веќе почнала со промоција на весникот наречен „Inspire“. За уредување на весникот ќе биде задолжен огранокот на организацијата во Јемен, односно Анвар ал Авлаки, кој е радикален верник, со потекло од САД, а живее во Јемен.
Претставниците за борба против тероризмот наведуваат дека неговите он-лајн проповеди на англиски инспирирале неколку од терористичките завери што неодамна се случија во САД.
Аналитичарите оценуваат дека со оглед на тоа што Ал Каеда е ослабена со акциите на ЦИА, оваа група веројатно нема да може да се инфилтрира во САД, каде се засилува домашниот тероризам.
„Јасно е дека целта е да се инспирираат светите воини во САД и Британија, кои би можеле да бидат новите убијци од Форт худ или пак, од Тајмс сквер“, оценува поранешниот припадник на ЦИА, Брус Ридл./крај/бета/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.