Свет
Италија почна попис на бездомниците
Италија започна со пребројување и евидентирање на бездомниците, што како што се наведува треба да помогне со спречувањето на криминалот и незаконската имиграција
Италија започна со пребројување и евидентирање на бездомниците, што како што се наведува треба да помогне со спречувањето на криминалот и незаконската имиграција.
Според хуманитарните организации половина од бездомниците во Италија се илегални доселеници. Најмногу бездомници има во големите градови, а се проценува дека само во Рим на улица живеат околу шест илјади луѓе.
Италијанските власти досега немаа прецизен попис на бездомниците, а според некои информации бројот на луѓето што живеат на улица во Италија изнесува 0,3 отсто од населението односно 180 илјади луѓе./крај/сра/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.