Свет
Шпанската полиција откри 11 тони хашиш
Шпанските погранични власти пронашле 11 тони хашиш, сокриен во пратка замрзнати сардини во јужниот дел на земјата, соопшти министерството за внатрешни работи во Мадрид
Шпанските погранични власти пронашле 11 тони хашиш, сокриен во пратка замрзнати сардини во јужниот дел на земјата, соопшти министерството за внатрешни работи во Мадрид.
Полицијата, како што јави франс прес, за вмешаност во шверцот со дрога уапсила пет лица, блокирала 38 банкарски сметки и запленила 240 илјади евра, неколку автомобили како и седум станови.
Вкупно 11.100 килограми хашиш биле пронајдени на брод на пристаништето Алхесирас, кое е главно место за истовар на стоки меѓу Шпанија и Мароко, кој има големо производство на хашиш. /крај/бгнес/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Драма во Америка: во куќа пронајдени тела на пет лица, меѓу нив и деца
Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.
Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите биле семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува „NBC News“.
Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.
Полицијата беше испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека таму се наоѓаат телата, рече Најт.
Според него, на сите тела имало повреди кои изгледале како да се работи за убиство.
Свет
Швајцарија ги замрзна руските средства во вредност од 5,8 милијарди франци
Швајцарија го замрзна рускиот имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, објави денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (SECO).
Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.
Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е значително помала отколку на крајот на 2022 година кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци, пренесува „Ројтерс“.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски Котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и горанската делница на автопатот А6 Риека – Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.