Свет
„Индепендент“: НАТО ќе се повлечe од Авганистан до 2014
На конференцијата за Авганистан која следната недела треба да се одржи во Кабул ќе биде објавен распоредот за повлекување на НАТО силите од Авганистан, со што се предвидува авганистанската армија
На конференцијата за Авганистан која следната недела треба да се одржи во Кабул ќе биде објавен распоредот за повлекување на НАТО силите од Авганистан, со што се предвидува авганистанската армија целосно да ја преземе контролата на територијата во 2014 година, објави денеска британскиот весник “Индипендент”.
Весникот се повикува на документ означен како доверлив, кој бил испратен вчера до дипломатските претставништва од страна на високиот претставник на ОН во Авганистан, Стефан Де Мистура.
„Меѓународната заедница ја поддржува целта на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, според кој националните безбедносни сили на Авганистан треба сами да ги одржуваат воените операции во сите покраини до крајот на 2014 година”, се вели во документот, а пренесува „Индипендент“
Во документот како што пишува весникот се наведува дека странските сили ќе продолжат да вложуваат напори во рамките на транзицискиот период за зајакнување на безбедноста и ќе продолжат да ја обучуваат, опремуваат и финансираат авганистанската армија.
Портпаролот на британското министерство за надворешни работи изјавува дека документот е значаен чекор за планот за повлекување на воените трупи од Авганистан.
Претставници на над 60 земји, меѓу кои и американскиот државен секретар Хилари Клинтон, како и претставници на голем број меѓународни организации, треба да учествуваат во вторник на конференцијата во Кабул.
Американскиот претседател Барак Обама го најави јули 2011 година како можен почеток за повлекувањето на американските борбени сили од Авганистан. /крај/ин/бгн /бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.
Регион
(Видео) Конфликт меѓу српска ТВ-екипа и вујкото на Данка: „Удри го, добро е за рејтингот“
Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ, а на социјалните мрежи е објавено скандалозно видео снимено пред куќата каде што исчезна девојчето, објави хрватски „Индекс“.
Новинар и снимател на српски „Информер“ пристигнале пред куќата на вујкото на Данка, каде што се случил помал инцидент. Пред нив излегол маж, кој се претставил како вујко на Данка, и им рекол да си одат оти немаат причина да бидат пред куќата.
Им рекол да ја исклучат камерата или ќе повика полиција. Репортерот и снимателот не го послушале, а најскандалозниот дел од целата ситуација е што водителите во студиото предложиле нивната екипа да го удри вујкото на Данка и дека тоа би било добро за рејтингот.
Mučna situacija svakako, otišli da snimaju porodičnu kuću nestale devojčice. Pojavio se njen ujak i negoduje.
Poslušajte razmišljanje i želju urednika iz studia, od 0:52 do 1:03.
Prokletnici. pic.twitter.com/YnJDuXKV6W— 𝙁𝙀𝙍𝙈𝘼𝙉 (@Fermantwiit) March 27, 2024
Од студиото на ТВ „Информер“ во еден момент велат: „Удри го Рафа, удри го!“ и додаваат дека ќе биде добро за „шерот“ (удел во вкупна ТВ-гледаност).
„Сега кога Рафа ќе го забоде, ќе видите“, велат од студиото, се слуша во директниот пренос.