Свет
Поплавите во Кина со најголем број мртви последнава деценија
Од почетокот на годинава повеќе од една илјада луѓе загинале или исчезнале во жестоките поплави во Кина, а допрва се очекуваат најсилните дождови, јавува Асошиејтед прес.
Од почетокот на годинава повеќе од една илјада луѓе загинале или исчезнале во жестоките поплави во Кина, а допрва се очекуваат најсилните дождови, јавува Асошиејтед прес.Годинашниве поплави, кои веќе предизвикаа штета во висина од десетици милијарди долари, го донесоа и највисокиот биланс на загинати во поплави од 1998 година, кога највисоките нивоа на водата во последните пет децении однесоа 4,150 животи. Годинашниве поплави досега убија 701 човек, а 347 се уште се водат како исчезнати. Вкупната штета изнесува 21 милијарда долари. Според официјалните лица, најголемите последици допрва ќе дојдат, бидејќи сезоната на тајфуни допрва доаѓа. Генералниот секретар на кинеската владина Агенција за спречување на поплави, Лиу Нинг, на прес-конференција изјави дека властите мора да ги засилат подготовките.„Бидејќи 60 до 80 проценти од годишните дождови паѓаат во јуни, јули и август, мора да бидеме подготвени да спречиме и да се бориме против природните катастрофи“, вели Лиу. Тој додаде и дека три четвртини од кинеските провинции се соочуваат со поплави, а 25 реки достигнале рекордно високи нивоа на водата. Според него, овој викенд островот Хаинан и провинцијата Гуангдонг најверојатно ќе бидат погодени од тропската бура Чанту. Секоја година Кина е погодена од најмалку шест до осум тајфуни. Во среда 14 луѓе загинаа, а 35 се водат како исчезнати како резултат на лизгањето на земјиште во градот Анканг во провинцијата Шаанѕи на северот на земјата. Поплавите, особено по течението на реката Јангце, ги преплави резервоарите, ги поплави градовите и селата и предизвика лизгање на земјиштето, а се претпоставува дека до сега се уништени околу 650.000 домови. „Иако нивото на водата во горниот тек на реката Јангце го надмина тоа од 1998 година, ситуацијата со поплавите се уште не е толку жестока како во 1998 година, затоа што годинава браната „Три клисури“ одигра клучна улога во спречувањето на поплавите“, истакна Лиу.Од годинашните поплави најпогодени се фармерите, поради тоа што се уништени 930.000 хектари под разни земјоделски култури. /крај/ап/ссе/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Само се шалевме“ – уапсените поради тврдењата за исчезнатото девојче се донесени во полиција
Тројцата кои беа уапсени во Босна и Хервеговина, а тврдеа дека имаат информации за исчезнатото девојче од Србија, Данка Илиќ и бараа пари, во полиција рекле дека „само се шегувале“, пренесува Н1 Сараево.
Федералната полициска управа вечерва уапси три лица кои на социјалните мрежи тврдеа дека имаат информации за исчезнувањето на двегодишното девојче од Србија, Данка Илиќ, по коешто трага речиси целиот регион.
Како што јави известувачот на Н1, уапсените биле донесени во зградата на Федералната полициска управа.
Како што се дознава, за време на преносот во живо на „Тик-ток“, тие побарале десетици евра за да ја откријат локацијата на девојчето и тврделе дека ја чуваат во подрумот.
Веднаш по апсењето изјавиле дека „само се шегувале“. Сите уапсени се членови на исто семејство.
Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа преку ИП адресата ги лоцираше лицата кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на детето.
Вчера на социјалните мрежи се појави видео од надзорната камера на куќа лоцирана во близина на местото каде исчезна Данка Илиќ во 13:45 часот.
На видеото се гледа автомобил кој брза во 13 часот и 47 минути, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, односно во 13 часот и 45 минути, како што рекла нејзината мајка.
Свет
Тешка автобуска несреќа во Јужна Африка, загинаа 45 лица
Министерството за транспорт на Јужна Африка денеска соопшти дека 45 лица загинале, а едно лице е повредено во автобуска несреќа кај Маматлакала во северната провинција Лимпопо.
Министерството објави дека возачот изгубил контрола над автобусот, кој потоа удрил во бариерите на мостот, по што возилото паднало преку мостот, удрило во земјата и се запалило.
Автобусот превезувал луѓе од Боцвана до Морија, град во Лимпопо.
Спасувачките операции продолжија до доцна денеска.
Некои тела изгореле до непрепознатливост, а некои патници останале заробени во урнатините на автобусот, соопштија сообраќајните власти во Лимпопо.
Регион
Барале 25.000 евра за да дадат информации за исчезнатото девојче: детали за апсењето на три лица во БиХ
Припадниците на полицијата привеле три лица, кои се осомничени дека преку ТикТок објавиле дека се поврзани со исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ (2) во Србија.
„Федералната полициска управа, постапувајќи според актот на НЦБ Интерпол Белград, презеде мерки и дејствија од нејзина надлежност, што резултираше со лишување од слобода на три лица на територијата на Хаџиќ, Сараево“, беше потврдено и кои се сомничат дека имале сознанија за исчезнување на малолетно девојче од Србија.
Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа, ги лоцирале по пат на ИП адреса лицата кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на малолетно девојче, односно барале 25.000 евра за откривање информации.
„Малолетното девојче не е пронајдено на територијата на Хаџиќ, а кривичната истрага за лицата лишени од слобода е во тек“, изјави сојузниот инспектор Ервин Мушиновиќ.
Девојчето Данка Илиќ (2) во вторникот исчезна во Бањско поле кај Бор.
Оттогаш, потрагата по неа трае, а во Србија за прв пат е активиран системот амбер алерт.