Свет
Иранскиот научник со важни информации за ЦИА
Иранскиот нуклеарен научник Шахрам Амири, кој минатата недела се врати дома од САД обезбедил многу битни информации во врска со ЦИА, а неговата шпионска приказна ќе била преточена во игран филм, ја пренесува АП полуофицијалната иранска агенција „Фарс“.
Иранскиот нуклеарен научник Шахрам Амири, кој минатата недела се врати дома од САД обезбедил многу битни информации во врска со ЦИА, а неговата шпионска приказна ќе била преточена во игран филм, ја пренесува АП полуофицијалната иранска агенција „Фарс“.Агенцијата цитира анонимни извори, кои тврдат дека иранските разузнавачи биле во постојан контакт со Амири додека тој бил во САД и дека тие победиле во многу битна разузнавачка битка против ЦИА. Иран го опишува враќањето на Амири како удар на американските разузнавачки служби кои, според Иран, биле очајни да дојдат до внатрешни информации за иранската нуклеарна програма. Техеран стори се за да извлече максимум пропагандна корист од аферата со Амири, при што им дозволи на медиумите да го проследат неговото враќање, а испрати и висок функционер од Министерството за надворешни работи да го пречека. Иран, исто така, најави дека за шпионската афера на Амири ќе биде снимен и игран филм. Група млади дипломци од филмската академија веќе почнале да го пишуваат сценариото, кој ќе биде продуциран од иранската филмска компанија „Сима филм“која, пак, е тесно поврзана со иранската државна телевизија. „Ова беше разузнавачка битка помеѓу нас и ЦИА, која беше целосно осмислена и менаџирана од Иран. Ние поставивме повеќе цели во оваа битка и, со божја милост, ние ги постигнавме сите цели, без притоа нашиот противник да оствари ниту една победа“, го цитира „Фарс“ својот извор. Истиот извор тврди дека Амири бил поставен за да открие колку информации има собрано ЦИА за иранската нуклеарна програма.„Ни беше потребно да дојдеме до добри внатрешни информации од ЦИА. Додека Амири се уште се наоѓаше во САД, ние успеавме да оствариме контакт со него на почетокот на 2010 година и успеавме да добиеме многу вредни информации. Тој беше воден и менаџиран од наша страна“, тврди натаму изворот и додава дека Амири по враќањето во Техеран со себе донел уште повеќе и повредни информации. За да ги докаже овие тврдења, изворот на „Фарс“ ги споменува регистарските таблички на двата автомобила кои ЦИА ги користела во Вирџинија, со тврдење дека Техеран успеал да идентификува повеќе локации, индивидуалци и контакт на ЦИА. Амири тврди дека бил киднапиран од американски агенти во мај 2009 година, додека бил на аџилак на муслиманските светилишта во саудиска Арабија. Од своја страна, американските власти тврдат дека Шахрам Амири доброволно пребегнал во САД, но си го сменил мислењето и решил да се врати дома без да ги подигне петте милиони долари исплатени како награда за она што ЦИА го нарекува „значајни информации“ за нуклеарната програма на неговата земја. /крај/ап/ссе/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хамас повика на ескалација на сите фронтови
Портпаролот на вооруженото крило на Хамас, Бригада ал-Касам, повика на ескалација на сите фронтови во телевизискиот говор по повод 200 дена од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа на 7 октомври 2023 година.
Во видеото објавено од Ал Џезира, Абу Убаида го пофали нападот на Иран врз Израел на 13 април, велејќи дека директните напади со беспилотни летала и ракети „поставуваат нови правила, повлекоа важни паралели и ги збунија непријателот и оние што стојат зад него“.
Тој повика и на ескалација на Западниот Брег и во Јордан, велејќи дека тоа е „еден од најважните арапски фронтови“.
„Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции и да го крене својот глас“, рече тој.
Абу Убаида рече дека Хамас останува на барањата што ги постави на разговорите за прекин на огнот, односно бара Израел да ја прекине воената офанзива, да ги повлече своите сили од Појасот Газа, да им дозволи на раселените да се вратат во северниот дел на Појасот Газа и да ја укине блокадата.
Во меѓувреме, Израел ги засили нападите низ Појасот Газа во вторникот, рекоа жителите, додавајќи дека тоа е едно од најлошите гранатирања во последните неколку недели. Армијата нареди нова евакуација на северот од палестинската енклава, предупредувајќи ги цивилите дека се наоѓаат во „опасна борбена зона“.
Во соопштението за платформата X, портпаролот на израелската армија Авичај Адраи ги повика жителите на четири зони во Беит Лахиа во северниот дел на Појасот Газа да се преселат во засолништа во две одредени области.
Новото гранатирање и бомбардирање на северниот дел на Појасот Газа доаѓа речиси четири месеци откако израелската армија објави дека ги повлекува своите војници, тврдејќи дека Хамас повеќе не ги контролира областите.
Израел, исто така, овој месец повлече поголем дел од своите сили од јужниот дел на Појасот Газа. Но, обидите да се постигне прекин на огнот не успеаја, а израелските бомбардирања и упади на територијата од која војниците се повлекоа го отежнуваат враќањето на раселените во своите домови.
Регион
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ го откажал полномошното на адвокатот
Небојша Живановиќ, адвокатот на Радослав Д., таткото на Дејан Д., кој е осомничен за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, за Танјуг изјави дека неговиот клиент го откажал полномошното.
Радослав Д. е осомничен дека му помогнал на својот син да го премести телото на девојчето од депонијата на засега непозната локација.
Со оглед на тоа што го откажал полномошното на избраниот бранител, сега треба да му се определи бранител по службена должност на Радослав Д.
Биолошкиот брат на осомничениот Дејан Д., Далибор Д., почина на 7 април во Полициската станица во Бор, каде беше осомничен дека му помогнал на својот брат да го скрие телото на двегодишното девојче.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а полицијата по 10-дневна потрага и детални проверки и информации ги уапси Срѓан Ј. и Драган Д. од Бор, кои се осомничени дека го удриле девојчето со автомобил, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот на автомобилот и го однеле на депонија.
Телото на девојчето се уште не е пронајдено.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.