Свет
Русија и САД со заеднички антитерористички вежби
Прва заедничка антитерористичка вежба ќе одржат Русија и Соединетите Американски држави во текот на наредната недела, јави Итар-Тас, повикувајќи се на руски воени извори.
Прва заедничка антитерористичка вежба ќе одржат Русија и Соединетите Американски држави во текот на наредната недела, јави Итар-Тас, повикувајќи се на руски воени извори.
Антитерористичката вежба под името „Буден орел“ предвидено е да се одржи од 8-11 август, а ќе биде координирана од два центри.
Експертите од руската Федерална воздухопловна служба за навигација ќе ја координираат акцијата од градот Хабаровск, додека американските експерти од Федералната воздухопловна управа ќе бидат лоцирани во Елмендорф на Аљаска.
Според сценариото, на маневрите ќе се вежбаат активности во случај на киднапирање на американски цивилен авион.Најавената вежба претставува напредок кон развој на соработката меѓу вооружените сили на русија и американската здружена команда.
Итар-тас потсетува дека можноста за одржување на заеднички антитерористички вежби ја најавија двајцата претседатели Барак Обама и Дмитриј Медведев, по нивните разговори во Вашингтон на 24 јуни. /крај/по/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.