Свет
Голема санта мраз се отцепи од глечерот на Гренланд
Санта мраз четири пати поголема од Менхетен се одвои од еден од двата главни глечери на Гренланд, што е најголемо такво случување во последниве 50 години, објавија во петокот научници.
Санта мраз четири пати поголема од Менхетен се одвои од еден од двата главни глечери на Гренланд, што е најголемо такво случување во последниве 50 години, објавија во петокот научници.
Новиот остров од мраз, што се одвои од глечерот во четвртокот, патува кон теснецот Нарес, околу 1000 километри јужно од Северниот пол, кој се наоѓа меѓу Гренланд и Канада.
„Мразот има површина од 260 километри квадратни, а дебелина речиси половина од висината на Empire State Building “, рече Андреас Муенчоу, професор на океанологијата на Универзитетот во Делавер, додавајќи дека тој очекувал тоа да се случи, но не и дека мразот ќе биде толку голем.
„Водата која ја го прави мразот би можела да овозможи реките Делавер и Хадсон да течат повеќе од две години”, рече тој.
„Тоа би било доволно и за снабдување на цело јавно водостопанство во САД, 120 дена“.
Муенчоу рече дека никој не може да тврди дека за сантата е виновно глобалното затоплување. Од друга страна како што вели и никој не може да тврди дека не е.
Ако се стопи сиот мраз на Гренланд и Антарктикот, морињата би се кренале за повеќе од 60 метри.
Плочите мраз се огромни замрзнати реки, предизвикани од снежните врнежи, кои полека се движат кон морето, а потоа се отцепуваат.крај/хина/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.