Свет
Хаг : Нема истрага против Карла дел Понте
Хашкиот трибунал ги демантираше наводите од медиумите дека е покрената истрага против поранешниот главен обвинител Карла дел Понте и другите обвинители, пренесува РТС.
Хашкиот трибунал ги демантираше наводите од медиумите дека е покрената истрага против поранешниот главен обвинител Карла дел Понте и другите обвинители, пренесува РТС.
Во соопштението на Хашкиот трибунал понатаму се вели дека судскиот совет наложил именување на пријател на судот кој би ги истражил евентуалните заплашувања и притисоците на некој од истражителите од Обвинителството.
Освен тоа, пријателот на судот би требало да ги истражи техниките со кои тие се служеле за да ги добијат прелиминарните пишани изјави од сведоците, јавува РТС.
„ Како што вчера беше објаснето пред новинарите, имињата на обвинителите кои се спомнуваат во насловот на одлуката се најдоа таму затоа што судскиот совет, на своја иницијатива, реши да ја преразгледа поранешната одлука од 2007. година, донесена по посочувањето на имињата од страна на обвинетиот Војислав Шешељ“, стои во соопштението од Хаг.
Претставникот на трибуналот Кристијан Шартије, појаснил дека донесувајќи ја одлуката за именување на пријател на судот, советот впредвид имал истражител од Обвинителството а не некој од обвинителите.
Демантот од Хаг следи по вчерашните наводи во британскиот весник „ Гардијан“ дека Судиите од трибуналот наложиле покренување на независна истрага за постапките на Карла дел Понте, и обвинителите Хилдегард Уерц – Рецлаф и Даниел Саксон./крај/ртс/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.
Свет
(Видео) Пратеник во ЕУ пушти гулаб во знак на мир
Словачки пратеник во Европскиот парламент денеска привлече внимание со пуштање жива птица од говорницата по неговиот говор. Како што рече, тоа го направил во знак на мир во светот.
На збунетост и изненадување на присутните претставници во Стразбур, Мирослав Радачовски, лидер на десничарската партија Словачки патриот, посегна во чантата што ја имаше под јакната и го пушти гулабот да одлета во собраниската сала.
Тој рече дека „сака мир за целиот свет, за Русите и Украинците“.
„Би сакал да го ослободам овој гулаб како симбол на мирот, да симболизирам дека на Европа и треба мир. Да оставиме овој гулаб да не обедини сите“, рече Радачовски.
Сепак, иако сакаше да ги обедини присутните, некои ги згрози.
Каролин Руз, француска пратеничка во Европскиот парламент од редовите на Зелените, го критикуваше велејќи дека користел живо животно за да даде политичко мислење, што е спротивно на правилата на парламентот.
„Тој употреби животно, скриено во неговата торба како едноставен предмет, само за да даде изјава за мир денес. Што ќе направите за да го вратите ова животно, господине? Каде е благосостојбата на животните во гестот на овој говорник? Сметам дека ова е апсолутно неприфатливо“, рече Руз.
Додека птицата леташе низ салата, друг колега го праша Радачовски: „Можеш ли да ја фатиш“.
Јан-Кристоф Отјен, заменик-претседател на парламентот, рече дека инцидентот ќе биде пријавен кај претседателот на домот, додавајќи: „Се надеваме дека животното ќе биде добро“.