Свет
Македонски денари се фалсификуваат во бугарски печатници
Можно е фалсификуваните денари, кои често се појавуваат на македонскиот пазар, да се изработуваат во специјализирани печатници во странство, предупредува МВР.
Инвазија на лажни пари
Можно е фалсификуваните денари, кои често се појавуваат на македонскиот пазар, да се изработуваат во специјализирани печатници во странство, предупредува МВР.
Соседна Бугарија, која на Балканот е позната како Мека за фалсификати, се споменува како можно место каде што се “штанцаат” лажните денари. Во бугарското МВР досега нема информации дека во некои од затворените лаборатории за изработка на фалсификати биле пронајдени лажни денари.
Во македонското Министерство за внатрешни работи велат дека поголемиот број лажни пари што се пуштаат во оптек во Македонија доаѓаат од нашиот источен сосед. Полицијата неодамна осомничи државјанин на Србија и Црна Гора, кој заедно со лице од Гевгелија подметнал лажни денари.
Истрагата утврдила дека Србинот Г.М. (36) и М.М. (22) од Гевгелија извршиле тешка кражба во куќа, од каде што украле компјутер. Потоа му го продале на лице од Гевгелија, кое им платило со фалсификувани пет банкноти од по 500 денари и две банкноти од по 200 евра. Истрагата утврдила дека лажните пари биле на П.Т..
Откако ги зел фалсификатите, Г.М. во кафе-бар и киоск пуштил во оптек лажни банкноти од по 500 денари, а при извршен претрес кај него се пронајдени три банкноти од по 500 денари и две банкноти од по 200 евра.
Во полиција бил повикан П.Т., кој доброволно предал уште десет банкноти од по 500 денари, една банкнота од 1.000 денари и осум банкноти од по 100 денари, за кои е утврдено дека се фалсификувани.
Полицијата секој втор ден спречува по едно подметнување фалсификувани пари.
Во МВР апелираат сопствениците на бутици, парфимерии и на дуќани да ги проверуваат парите на детектори за лажни девизи.
Според полициските анализи, македонскиот пазар често е крајна дестинација за фалсификуваните пари печатени во Бугарија. Фалсификатите набавени од Бугарија, која е лидер во регионот по печатењето лажни пари, редовно ги подметнуваат македонски државјани.
Сопствениците на менувачници во Скопје тврдат дека фалсификуваните девизи најчесто се подметнуваат во бутици и во продавниците за мобилни телефони. Главната причина за тоа е отсуството на детектори за откривање фалсификувани банкноти. Најчесто станува збор за лажни банкноти од по 50 евра. Упатените велат дека фалсификаторите применуваат различни трикови за да ги подметнат фалсификатите. Тие најчесто испраќаат атрактивни девојки, кои треба да им го одземат вниманието на продавачите, а се случува и мали деца да купуваат со фалсификувани девизи. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да бидат претпазливи ако дојдат во ситуација да земат странски пари.
Во Тетово полицијата открила фалсификувани банкноти од по 100 денари, при што бил уапсено А.А. од тетовското село Селце.
Полицијата сопрела автомобил “голф” со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.А.. Полицијата при претрес во автомобилот пронашла поголемо количество муниција во различен калибар и 108 фалсификувани банкноти од по 100 денари.
Приведениот, наводно, фалсификуваните банкноти ги зел од непознато лице. Против А.А. биле поднесени кривични пријави за недозволено држење оружје и за фалсификување пари.
Експертите предупредуваат дека фалсификаторите се почесто изработуваат и пари во пониски апоени, како што се стоденарките. Според нив, парите со пониска номинала често полесно се протураат оти ретко се проверува нивниот квалитет.(А.М.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.