Свет
Екстремната десница по првпат во парламентот во Шведска
Владејачката коалиција на десниот центар, победи вчера на парламентарните избори во Шведска, но го изгуби апсолутното мнозинство во парламентот, каде за првпат влезе и екстремната десница.
Владејачката коалиција на десниот центар, победи вчера на парламентарните избори во Шведска, но го изгуби апсолутното мнозинство во парламентот, каде за првпат влезе и екстремната десница.
Според конечните резултати, конзервативната коалиција од четири партии на премиерот Фредерик Реинфелт, освои 49,2 отсто од гласовите и 172 места во парламентот од вкупно 349 што значи три помалку од апсолутното мнозинство.
Таа се најде пред левиот блок „црвени и зелени“, кој го предводи социјалдемократот Моно Салин со 43,7 отсто од гласовите и 167 места во парламентот.
Успехот на шведските конзервативци, кои за првпат во речиси сто години успеаја да освојат континуиран мандат и да ја разбијат традиционалната доминација на левицата на шведската политичка сцена, го помати издигнувањето на крајната десница. Екстремната десница на Шведските демократи, успеаја по првпат да влезе во парламентот, да освојат 5,7 отсто од гласовите, односно 20 места во Шведскиот парламент Риксдаг.крај/бета/кс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кина испраќа тројца астронаути во вселенската станица како дел од својата програма на Месечината
Кинеската вселенска агенција ги прави последните подготовки за испраќање на екипажот Шенжу-18 во ниската орбита на Земјата, како дел од нејзината вселенска програма која има за цел да испрати луѓе на Месечината до 2030 година.
Кинеската вселенска агенција за екипаж (CMSA) на денешната прес-конференција претстави тројца астронаути, командант Је Гуангфу, кој беше дел од мисијата Шенжу-13 2021, Ли Конг и Ли Гуангсу, кои за прв пат ќе одат во вселената, пренесува CRI. .
Вселенското летало со тројца луѓе се очекува да полета во четврток во 20:59 часот по локално време од центарот за лансирање на сателити Џиукван во пустината Гоби во северозападна Кина.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Регион
Девојка која исчезна во март во Србија е пронајдена
Тијана Симиќ, која била пријавена за исчезната на 13 март оваа година, и последен пат била видена на Карабурма во Белград, е пронајдена повеќе од еден месец од нејзиното исчезнување.
Засега не се познати детали, а среќните вести ги објави нејзината сестра на „Твитер“.
„Тијана ја пронајдовме, ви благодарам на сите за помошта“, напиша таа.
Tijanu smo pronašli, hvala puno svima na pomoći ♥️
— fifo (@sofoklee) April 24, 2024
Семејството на Тијана молеше за помош или било каква информација за неа, и после повеќе од еден месец е пронајдена.