Контакт

Свет

Северна и Јужна Кореја на работ на војна, тврди руски дипломат

Објавено пред

Северна и Јужна Кореја се на работ на војна, предупредува руски дипломат, повикувајќи ги двете земји да ги смират страстите и да седнат на разговарачка маса, пренесува Телеграф.

Северна и Јужна Кореја се на работ на војна, предупредува руски дипломат, повикувајќи ги двете земји да ги смират страстите и да седнат на разговарачка маса, пренесува Телеграф. Рускиот заменик министер за надворешни работи, Алексеј Бородавкин изјави дека тензиите помеѓу двете земји се на најопасно и највисоко ниво во последните десет години. „Тензиите на корејскиот полуостров не биле на повисоко ниво. Единствениот следен чекор е конфликт,“ изјавил тој на тркалезна маса на темата во Москва. Неговите предвидувања доаѓаат два месеци откако Северна Кореја поддржуваше „света војна“ против Јужна Кореја и нејзиниот најголем поддржувач — САД. Тензиите станаа најжестоки во март годинава откако Вашингтон и Сеул заклучија дека севернокорејска подморница потона јужнокорејски брод во Жолтото Море./крај/тгф/ко



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

(Видео) Медицински сестри во ковид-болница во Хрватска играат оро и се веселат

Објавено пред

На интернет се појави скандалозна снимка на која се гледа како медицински сестри играат и се веселат со жива музика во најголемата ковид-болница во Хрватска.

Снимката ја објави РТЛ. Како што наведуваат хрватските медиуми, веселбата се случила на почетокот на овој месец, а била доставена до РТЛ од вработена во болницата.

На прославата се присутни медицински сестри и помошен персонал, кои пејат и играат со жива музика, без да се придржуваат до епидемиолошките мерки, без физичка дистанца и без маски.
На снимката се гледа и хармоника наредена со пари.

Тоа ги налути дел од нивните колеги во болницата во Дубрава. Една од нив вели дека во преку 20 години работен стаж не доживеала вакво нешто.

„Во вакви ситуации се срамам што сум медицинска сестра. Во 20 години стаж ова не сум го доживеала. Непочитувањето на епидемиолошките мерки, алкохол, тамбури, песни и игри. И сето тоа во просторот на болницата во режија на вработените. Не знам кој дозволил бенд во болницата и дали знаел за тоа, но очекувам санкции за актерите на овој настан. Мислам дека со ова се фрли грда слика на останатите вработени, кои си ја работат својата работа како што треба. Време е да се одговара за тоа и да се спречат вакви настани во иднина. Се бориме против вирусот а сами го шириме. Лута сум и разочарана“, напиша една сестра.

Директорот на болницата, Ивица Лукшиќ, рече дека не е запознаен со случајот.

„За првпат го гледам видеото и изненаден сум. Изненаден сум, но мора да знаете дека луѓето работат напорно во болницата и дека морам да ги видам сите околности што доведоа до тоа“, рече тој.
Засега е непознато колку вработени дежурале да се грижат за пациентите во времето на оваа забава, а колку останале по завршувањето на нивната работа. Не е познато која е причината за прославата.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Џонсон со предупредување: Новиот вид коронавирус посмртоносен од претходниот

Објавено пред

Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва предупреди дека според најновите податоци новиот вид на Ковид-19 може да биде посмртоносен од другите видови.

Како што пренесе Би-би-си, податоците ги анализирале научници од советодавното тело „Советодавна група за закани за нови и респираторни вируси“, кое ја известило владата на земјата. Сепак, како што се наведува, овие докази сè уште се во прелиминарна фаза. Според британските медиуми, некои студии веќе покажале дека новиот вид на коронавирус се шири многу полесно од оригиналната „верзија“.

„Покрај побрзото ширење, постојат докази дека новиот сој е поврзан со поголема стапка на смртност“, рече Џонсон на прес-конференција.

Вакцините што ги користиме во моментов се ефикасни и против новите варијанти, рече Џонсон, нагласувајќи дека токму новиот вид е причината поради која британското здравство е под силен притисок.

Советникот на британската влада, Патрик Валанс појасни дека нема разлика во смртноста кај пациентите заразени со различните видови на вирус.

„Сепак, кога се гледаат податоците за секој што е позитивен, постојат докази дека постои зголемен ризик кај оние кои се заразени со новата варијанта на вирусот“, рече Валенс.

Тој додаде дека доказите сè уште не се силни и дека сите податоци сè уште не се целосно потврдени.

„Понатаму сме загрижени дека мутираните вируси можат да бидат поотпорни на вакцините“, рече тој, додавајќи дека се потребни „повеќе клинички истражувања“ на новите видови.

Англија и Шкотска на 4 јануари најавија нови ограничувања со цел да се запре ненадејното зголемување на болеста, стимулирана од крајно преносливата нова варијанта на коронавирусот, што доведе до рекорден број на дневни смртни случаи и инфекции овој месец.

До денес, повеќе од 3,5 милиони луѓе се заразени во Велика Британија, додека близу 96.000 луѓе починаа.

Прикажи повеќе...

Регион

Трнливиот пат на Мира Фурлан, од секс-симбол до предавница, келнерка и холивудска ѕвезда

Објавено пред

По веста за смртта на познатата филмска и театарска актерка Мира Фурлан, која почина на 65-годишна возраст, јавноста се потсетува на нејзината биографија во која има многу подеми и падови. За нејзиниот живот се пишуваше и се зборуваше многу во последните децении. Никогаш не го криеше фактот дека напуштањето на родната земја и на професијата во даден миг го гледаше како единствено решение за време на немирите што го зафатија регионот.

Патот до славата беше трнлив

Родена е во Загреб, а во 1991 година Мира се пресели во Америка, каде што започна целосно нов живот.

Сепак, на нејзиниот пат кон успехот му претходеа немили настани. Нејзината мајка починала од рак кога актерката имала само 16 години, што за неа било пресилен удар, поради специфичната врска што ја имале. Тие често се карале, а Мира по смртта на мајка ѝ  ги напишала своите писма во кои се извинува.

Во 1986 година Мира се сретнала со српскиот режисер Горан Гајиќ, со кого наскоро започнала врска. Бидејќи од љубов живеела на релација Белград-Загреб, хрватските медиуми ја обвинија дека се приклонува кон Србија во раните 90-ти и објавија текстови во кои ја нарекуваа предавница.

Како ја освоил режисерот?

„Тој се искачи на јарболот на бродот што нè однесе од Хвар до Вис. Гледајќи го како се држи до тој неописливо висок јарбол со една рака, сфатив дека тој е човек кој не се плаши. Конечно, си реков. Моите претходни средби со луѓето од спротивниот пол беа претежно средби со целосно преплашени мажи. Паничниот страв од жените е исто така извор на насилство врз жените, што ја карактеризира оваа област. Овој страв и омразата што произлегува од тоа беа, исто така, според мене причина за линчувањето на моето детство во раните деведесетти “, изјавила Фурлан за медиумите.

Станот ѝ бил одземен, работела како келнерка

Често посетувала психијатар, поради што била изложена и на јавни осуди. Откако ја отпуштиле од Хрватскиот народен театар, станот што го наследила од нејзината баба и` бил одземен, а таа добивала по 50 смртни закани на ден.

Мира и Горан биле принудени да се преселат во Белград во 1991 година, од каде што заминале во САД. Тие таму направиле сè за да преживеат. Горан работел како доставувач, асистент и уредник, а Мира како келнерка, продавачка и преведувач. Тие се заколнале на вечна љубов и добиле син кого го крстиле Марко Лав.

Во периодот од 2004 до 2008 година таа глумела во американската серија „Изгубени“, која постигна планетарен успех, а беше и исклучително популарна во Србија.

Наскоро постигнала исклучителна репутација во Америка, а во 2014 година добила понуда да предава на филмската академија во Лос Анџелес, а потоа и на филмската академија во Њујорк.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 час

(Видео) Џонсон со предупредување: Новиот вид коронавирус посмртоносен од претходниот

Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва предупреди дека според најновите податоци новиот вид на Ковид-19 може да биде посмртоносен од другите...

Регион12 часа

Вучиќ: Ќе се обидеме да направиме фабрика за вакцини во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека ќе се обидат да направат фабрика за вакцини во Србија. Како што се наведува...

Свет12 часа

Уште една компанија ја намалува испораката на вакцина за ЕУ

Компанијата „Астра зенека“ соопшти дека почетните испораки на вакцината против коронавирус за земјите на ЕУ ќе бидат помали од предвиденото....

Македонија14 часа

Нови 307 заболени и 14 починати од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.854 тестирања, а регистрирани се 307 нови случаи на...

Свет15 часа

Илјада луѓе во Шведска примиле вакцина што се транспортирала на прениска температура

Околу илјада луѓе во Шведска примиле вакцина на „Модерна“ која се чувала на погрешна температура за време на транспортот, објави...

Економија17 часа

Повеќето од службениците вработени по Рамковниот ќе бидат прераспределени во МВР и УЈП

Првиот вицепремиер Артан Груби соопшти дека 1.349 службеници вработени по Охридскиот рамковен договор до крајот на јануари ќе почнат со...

Европа18 часа

ЕК бара објаснување од „Фајзер“ за доцнењето на вакцините

Европската комисија ќе побара објаснување од американската компанија „Фајзер“ за причините поради кои повторно се одложува испораката на вакцини против...

Македонија18 часа

Обвинителството незадоволно од условната казна за поранешниот советник на Чулев

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е незадоволно од условната казна за Зоран Ѓорѓевски, кој беше вработен...

Македонија19 часа

Филипче: Спремни сме да ги примиме вакцините од Србија

Министерот за здравство, Венко Филипче, пред денешниот разговор за вакцините од Србија вели дека не постојат пречки ковид-вакцините да пристигнат...

Топ21 час

(Видео) Пресечен меѓународен канал за дрога, запленети 40 килограми марихуана

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, заедно со Одделот за специјални полициски...

Македонија21 час

Општина Центар додели 400.000 денари помош за Петриња и Сисак

Советот на Општина Центар додели парична помош во висина од 400.000 денари на градовите Петриња и Сисак во Хрватска. „По...

Македонија21 час

Заев и Спасовски земаат највисоки плати во Владата

Премиерот Зоран Заев зема највисока плата од 87.813 денари, а министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е втор на списокот...

Македонија21 час

Царовска на средба со МАНУ: Реформите во образованието се неопходни ако сакаме подобри резултати

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и членовите на работната група денес ги продолжуваат дебатите за предложените...

Регион21 час

Мира Фурлан починала од западнонилска треска

Познатата актерка Мира Фурлан починала од вирусот на западнонилската треска, пишуваат хрватските медиуми. Актерката неколку месеци се борела со болеста...

Европа22 часа

Урсула фон дер Лаен: ЕУ ќе мора што побргу да обезбеди вакцини за Западен Балкан

Европската Унија со посебен механизам ќе обезбеди вакцини против коронавирусот за Западен Балкан што е можно побргу, рече претседателката на...

Свет22 часа

Уапсени двајца соработници на Навални затоа што повикувале на протести

Русија уапси двајца соработници на затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, и се закани дека ќе ги тужи другите поради...

Европа23 часа

ЕУ воведува темноцрвени зони на епидемиолошката карта на Европа

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, најави воведување нова ознака на епидемиолошката карта на Европа, темноцрвена зона, од...

Свет23 часа

Бајден бара петгодишно продолжување на договорот за контрола на нуклеарното оружје со Русија

Претседателот на САД, Џо Бајден, ќе побара петгодишно продолжување на договорот за контрола на нуклеарното оружје „Нов СТАРТ“ со Русија,...

Свет1 ден

(Видео) Бајден: Ќе ги поместиме небото и земјата за да вакцинираме што е можно повеќе луѓе

Новиот американски претседател Џо Бајден ѝ се обрати на американската јавност по повод презентацијата на планот за борба против пандемијата...

Европа1 ден

Холандија воведува полициски час, луѓето веќе смислуваат начини како да го избегнат

Предлогот на холандската влада да воведе полициски час, прв по Втората светска војна, помина во парламентот, пренесува АФП. #BREAKING Dutch...

Досие