Свет
ДИК нема надлежност врз резултатите
Државната изборна комисија нема надлежност и не може ништо да преземе за побрзо да се добијат резултатите од гласањето и е немоќна да спречи евентуални тактизирања на општинските изборни комисии во пласирањето на резултатите, вели претседателот на ДИК, Стево Пендаровски.
СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ
Државната изборна комисија нема надлежност и не може ништо да преземе за побрзо да се добијат резултатите од гласањето и е немоќна да спречи евентуални тактизирања на општинските изборни комисии во пласирањето на резултатите, вели претседателот на ДИК, Стево Пендаровски. Според него, улогата на ДИК во локалните избори е само да ги соопшти официјалните резултати.
– ДИК може само да ги смени претседателите на општинските изборни комисии ако утврди дека ја злоупотребиле функцијата, односно ако несовесно ја извршиле работата. Но, и тоа нема ефект бидејќи може да смениме и 50 претседатели на комисии, но не може да ги смениме нивните одлуки – вели Пендаровски.
Тој истакна дека ДИК не решава за приговорите, туку тие прво се разгледуваат во општинските комисии. Ако партиите се незадоволни од одлуките, за приговорите крајниот збор го има Врховниот суд.
-Тоа е и суштината на децентрализацијата – за локалните избори да се решава на локално ниво, а не тоа да го прави државата – изјави претседателот на ДИК. (М.Т.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.