Свет
Цените на хотелските соби се во пораст
Просечната цена на хотелските соби во светот, во вториот квартал од 2010 година, по првпат се во пораст во последниве три години.
Просечната цена на хотелските соби во светот, во вториот квартал од 2010 година, по првпат се во пораст во последниве три години.
Индексот на хотелските цени кој е составен според податоците на специјализираната интернет страница hotels.com, покажуваат дека цените на ноќевањата во периодот од април до јуни оваа година пораснаа во просек за два отсто во однос на истиот период од минатата година, односно по првпат во последниве три години.
Според индексот, најскап град во светот според цените на хотелските соби е Монте Карло, каде едно ноќевање во просек чини 241 долар. Втор најскап град е Женева со 233 долари, а трет е Рио де Женеиро со 222 долари.
Најскапа земја по истиот критериум е Швајцарија, со просечна цена на хотелската соба од 185 долари, а за десет долари поевтино е во Русија. На трето место е Норвешка.
Најдобар квалитет според истражувањето се добива во Унгарија, каде просечната цена на собите изнесува 94 долари.
Податоците се собрани во повеќе од 90 илјади хотели во светот. крај /хина/кс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.