Свет
Обама: Живеам според десетте Божји заповеди
Американскиот претседател Барак Обама уште еднаш ги отфрли гласините дека е муслиман, па дури и истакна дека се обидува да живее според десетте заповеди на Исус Христос.
Американскиот претседател Барак Обама уште еднаш ги отфрли гласините дека е муслиман, па дури и истакна дека се обидува да живее според десетте заповеди на Исус Христос.
„Јас сум христијанин, бидејќи одбрав да бидам таков. Искрено, членовите на моето семејство не беа луѓе кои ја посетуваа црквата секоја недела. Мајка ми беше еден од најголемите верници кои сум сретнал некогаш. Сепак, таа не ме образуваше верски. Што сакам да бидам одбрав подоцна во својот живот. Избрав да бидам христијанин, бидејќи сакав да живеам според заповедите на Исус Христос .Ј ас сум христијанин бидејќи го ценам фактот дека Христос умрел заради моите гревови и верувам дека сите ние треба да се обидуваме да бидеме како него, за да бидеме добри луѓе. Да, сите ние правиме грешки и се покајуваме, но сите ние ќе добиеме милост од Бога. Должни сме да им помагаме на оние кои сакаат да ја добијат неговата милост. “, рече претседателот на САД за време на својот говор пред општина на Албакерки, Њу Мексико а пренесе американската телевизија Еј-Би-Си.
Обама изјави дека верува во слободата на САД која во себе сплотува многу религии.
„Ме радува дека Америка е сеуште претежно христијанска, но исто така имаме Евреи, Муслимани, Хиндусите, атеисти и будисти. Должни сме да ги почитуваме и ги почитуваме, бидејќи токму тоа ја прави нашата земја она што е “, заврши американскиот претседател./крај/ABC/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.