Свет
Отказ за водител на Си Ен Ен поради изјави за Евреите
Водителот на Си Ен Ен, Рик Санчез, добил отказ по неговото гостување во едно радио шоу, на кое рекол дека „сите кои го водат Си Ен Ен се Евреи“.
Водителот на Си Ен Ен, Рик Санчез, добил отказ по неговото гостување во едно радио шоу, на кое рекол дека „сите кои го водат Си Ен Ен се Евреи“.
Си Ен Ен вчера ја објави изјавата наведувајќи дека Рик Санчез веќе не е во компанијата. „Му заблагодаруваме на Рик за соработката и му посакуваме се најдобро“ објави Си Ен Ен.
Од таму не открија дали коментарите на Санчез се причина за неговиот отказ, но неговото интервју на радио е само еден од последните во низата проблематични коментари на водителот на попладневната програма.
Санчез, кој има кубанско потекло, и претходно се најде во неволја кога претседателот Барак Обама го нарече „претседател – берач на памук“, погрешно цитирајќи го конзервативниот радио – водител Раш Лимбо.
Додека траела кризата со Бритиш Петролеум со нафтената дамка во Мексиканскиот залив, знаеше да се збуни објаснувајќи ја технологијата со која се запираше истекувањето на нафтата.
Комичарот и политички сатиричар Џон Стјуарт редовно го исмејуваше Санчез во своето „Дејли Шоу“ на кабелската телевизија Комеди Централ./крај/онаса/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.