Свет
Во Пакистан убиени најмалку 12 осомничени милитанти
Меѓу 12 и 18 осомничени милитанти се убиени во два напада на американски беспилотни летала северозападниот дел на Пакистан во племенската паштунска област, пренесува BBC.
Меѓу 12 и 18 осомничени милитанти се убиени во два напада на американски беспилотни летала северозападниот дел на Пакистан во племенската паштунска област, пренесува BBC. Во најновиот воздушен напад nа американските беспилотни летала (во последните пет седмици изведени се 22 ракетирања на американските беспилотни летала) повторно цел биле засолништа на милитантите кои се движат во плaнинското племенско подрачје на пакистанско-авганистанската граница, потврдил пакистaнски разузнавачки извор за BBC. Изворот на британската мрежа потврдил дека во нападот има 12 убиени бунтовници. Овие напади доаѓаат во време на силно несогласувањата меѓу НАТО и пакистaнските власти заради сличен напад во кој загинаа четворица пакистански војници. Како одговор, Пакистан ги затвори некои од маршрутите за конвоите на Алијансата кон АвганистанВо нападот извршен денеска, со четири проектили била погодена една куќа во селото Дата Кхел во провинцијата Северен Вазиристан, при што загинале осум милитанти, изјавиле официјални претставници од разузнавачките служби на Пакистан, за Associated Press. Според истиот извор на агенцијата, подоцна уште четири други осомничени бунтовници биле убиени кога куќата била гаѓана со уште четири проектили. САД официјално според востановената практика не ги потврди нападите од саботата.Според Reuters станува збор два одделни напада на две американски беспилотни летала во кои се убиени 18 милитанти. Како што пренесува агенцијата, исто така повикувајќи се на пакистански разузнавачки извори, двете беспилотни летала ги извршиле нападите во Дата Кхел во интервал од неколку часови. „Во првиот напад две ракети биле истрелани врз куќата, додека во вториот напад четири проектили биле насочени кон куќата и кон едно возило. Бројката на убиените во двата напада достигна 18“, изјавил еден разузнавач за Reuters. Тој додал дека во првиот напад биле убиен најмалку шест странски милитанти кои се борат на страната на пакистанските исламистички бунтовници. Голем број арапски, чеченски и исламисти од Централна Азија се кријат во засолништа во племенските региони зад авганистанската граница, повлекувајќи се пред нападите на силите на Алијансата предводени од САД во Авганистан од крајот на 2001 г.Талибаните во сабота и официјално ја презедоа одговорноста за запалувањето на триесетина цистерни со гориво за трупите на НАТО во Авганистан во петокот./крај/bbc/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Додик не го признава геноцидот во Сребреница: „Ќе однесеме цвеќе, ако не навредува никого“
Во четвртокот, лидерот на Србија во Босна и Херцеговина, Милорад Додик, изрази подготвеност да го посети Меморијалниот центар Поточари во Сребреница и да положи цвеќе на заедничкиот споменик подигнат во спомен на масакрот на Бошњаците за време на војната, но тој повторно негираше дека таму имало геноцид.
Во интервју за новинската агенција на Република Српска, претседателот Додик најави дека владата и целото раководство на овој ентитет ќе заседаваат во Сребреница на 2 мај 2024 година, кога ќе се одржи дискусија пред Обединетите нации и се очекува гласање за Резолуција за осуда на геноцидот во тој град во летото 1995 година.
Резолуцијата е поддржана од дваесет земји, меѓу кои САД, Обединетото Кралство и Германија и се очекува нејзино усвојување. Целта е да се интернационализираат страдањата на Бошњаците во Сребреница.
Водечките српски претставници од Белград и Бања Лука, претседателите Александар Вучиќ и Милорад Додик, тврдат дека ова е обид да се префрли вината на српскиот народ.
„Република Српска нема да ја прифати резолуцијата за Сребреница за која ќе се одлучува во Генералното собрание на ОН бидејќи се што е напишано во неа е лага. Босна и Херцеговина не може да живее врз основа на тоа дека едната нација во неа е оквалификувана како геноцидна“, рече Додик.
Сепак, тој изрази подготвеност да им оддаде почит на жртвите од масакрот во Сребреница.
„Ако ни се укаже можност, на 2 мај ќе однесеме венци во Поточари, ако тоа не навреди никого. Не се плашам дека би можел да завршам како Вучиќ, кој дојде да им оддаде почит на жртвите, изрази сочувство, а доби камен во главата и никој не одговараше за тоа“, истакна Додик.
Тој смета дека Резолуцијата за Сребреница сепак нема да го добие потребното мнозинство на седницата на Генералното собрание на ОН.
Свет
Принцот Вилијам проговори за Кејт Мидлтон: „Жал ми е што не е тука со нас“
При посетата на едно училиште во Велика Британија, принцот Вилијам се извини што неговата сопруга Кејт Мидлтон не била со него.
Конечно се врати на обврските откако извесно време беше на пауза поради приватни причини.
Во разговор со член на персоналот, Вилијам накратко ја спомна сопругата Кејт.
„Жал ми е што Кејт не може да биде тука со нас. Таа сакала”, рекол Вилијам.
Медиумите потсетуваат дека минатиот месец принцезата Кејт Мидлтон објави дека се бори со рак, но во видеото кое го објави не прецизираше за каков вид на рак се работи.
По Божиќ се повлече од јавноста, а во јануари имаше операција на абдоменот.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.