Свет
Доживотен затвор за бомбашот од Тајмс Сквер
Американецот од пакистанско потекло Фајсал Шахзад денеска е осуден на доживотен затвор поради обид да активира автомобил бомба на Тајмс Сквер во Њујорк.
Американецот од пакистанско потекло Фајсал Шахзад денеска е осуден на доживотен затвор поради обид да активира автомобил бомба на Тајмс Сквер во Њујорк.
Триесетгодишниот Шахзад во јуни ја признал вината по сите десет точки на обвинението. Тогаш рече дека ќе ја признае вината бидејќи нападите врз САД ќе продолжат сè додека Американците не ги повлечат војниците од Авганистан и Ирак, додека не престанат со воздушните напади во Сомалија, Пакистан и Јемен и додека не престанат со нападите врз другите муслимански земји.
Во обвинението Шахзад се товари за обид за користење на оружје за масовно уништување, заговор и обид за извршување на меѓународен тероризам. Обвинителите тврдеа дека Шахзад внимателно ја испланирал локацијата на нападот со бомба и сакал да убие што повеќе луѓе. Тие додаваат дека имал намера повторно да нападне во случај да не биде фатен.
Бомбата не експлодираше, а Шахзад е уапсен два дена подоцна на аеродромот Џ.Ф. Кенеди во Њујорк, при обид да избега од земјата. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.