Свет
Претседателот на руската Дума предлага мерки за привлекување на научници
Руските власти би требало да ги укинат административните бариери што ги создаваат главните пречки за емигрантите да учествуваат во модернизацијата на Русија, смета претседателот на рускиот парламент, Сергеј Миронов.
Руските власти би требало да ги укинат административните бариери што ги создаваат главните пречки за емигрантите да учествуваат во модернизацијата на Русија, смета претседателот на рускиот парламент, Сергеј Миронов.Како што пренесува Риа Новости, Миронов оваа изјава ја дал на отворањето на Светската тематска конференција на Русите од цел свет, која започна вчера во Москва. Главна тема на конференцијата е како да се привлечат руските емигранти, претежно научниците, да се вклучат во модернизацијата на земјата.Уште од времето на Советскиот сојуз, врвните руски професионалци и научници емигрираат во странство или ја напуштаат науката за подобри плати во трговските компании и во други сфери. Независни извештаи проценуваат дека на почетокот на 1990-те години, емигрирале преку 80.000 научници.„Верувам дека, за почеток, би требало да обезбедиме услови за оние кои се родени во Русија да можат повремено да се враќаат во својата татковина и да ја комбинираат работата тука со онаа што ја вршат во странство“, смета Миронов. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.