Свет
Рударите од Чиле би можеле да бидат спасени до вторник
Чилеанските спасувачки тимови се надеваат дека веќе во вторник ќе почнат со евакуација на 33-те рудари кои повеќе од два месеца се живи закопани во откоп на рудник, соопшти министерот за здравство Хаиме Маналич, пренесува Ројтерс
Чилеанските спасувачки тимови се надеваат дека веќе во вторник ќе почнат со евакуација на 33-те рудари кои повеќе од два месеца се живи закопани во откоп на рудник, соопшти министерот за здравство Хаиме Маналич, пренесува Ројтерс
Тој вели дела се очекува дупчалката до ноќта помеѓу петок и сабота да се пробие низ тунел кој се протега околу 800 метри под земја. Инженерите допрва треба да одлучат колкав дел од подземниот премин треба додатно да се обложи со метални цевки, пред да започне извлекувањето на затрупаните рудари со специјални капсули, што значи дека може да дојде до одложување на времето за евакуација. /крај/ројтерс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Швајцарија ги замрзна руските средства во вредност од 5,8 милијарди франци
Швајцарија го замрзна рускиот имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, објави денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (SECO).
Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.
Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е значително помала отколку на крајот на 2022 година, кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци, пренесува Ројтерс.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.
Свет
Лидерот на Северна Кореја ја надгледуваше воената вежба: се симулираше нуклеарен контранапад
Северна Кореја ги изведе своите први воени вежби кои симулираа нуклеарен контранапад, објави државната новинска агенција на земјата KCNA, како и други државни медиуми.
Врховниот водач Ким Џонг-ун ја надгледуваше вежбата која беше дел од тестот на системот за управување со нуклеарно оружје на нацијата.
Покрај тоа што севернокорејското раководство сака да ја тестира различноста на сопствените нуклеарни капацитети, тоа беше, според КЦНА, протест против американските и јужнокорејските „провокативни и инвазивни“ воени вежби.
Симулациските вежби на севернокорејската војска вклучуваа маневрирање на војниците во позиција за нуклеарен контранапад и истрелување на лажни нуклеарни боеви глави во случај на предупредување за нуклеарна криза.
Во таа прилика беа истрелани неколку балистички ракети со краток дострел кон морето, во близина на источниот севернокорејски брег.
Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.