Свет
Најголемиот протест против пензиските реформи во Франција
Денешните улични демонстрации во Париз против зголемување на возраста за пензионирање во Франција се најголеми од почетокот на протестите, покажуваат податоците на синдикатите и полицијата.
Денешните улични демонстрации во Париз против зголемување на возраста за пензионирање во Франција се најголеми од почетокот на протестите, покажуваат податоците на синдикатите и полицијата.
Во денешниот протест учествуваа 330.000 демонстранти, според проценките на синдикатите, и 89 000, според податоците на полицијата.
Според пресметки на трговскиот синдикат CDFT протестираа 3,5 милиони лица. Податоците за Париз, обезбедени од водечките синдикати и полицијата на градот, покажаа зголемување од последниот голем штрајк кој се одржа на 23 септември.
Тогаш синдикатите објавија податоци за 300.000 демонстранти, а полицијата за 65. 000. Студенти и ученици исто така се приклучија на протестите.
Ескалацијата на тензиите се претвори во најголемата битка во рамките на претседателскиот мандат на Николас Саркози.
Во меѓувреме, францускиот премиер Франсоа Фијон ја отфрли можноста да се направат нови отстапки за демонстрантите кои се борат против зголемување на возраста за пензионирање во Франција од 60 на 62 години.
„Дојдовме до границите на невозможното при поправка на законот, кој во моментов се разгледува во Сенатот”, рече Фијон на состанокот со француските пратеници.
Минатата недела владата направи корекции во нацрт-законот за да се даваат одредени попусти за вработените мајки, но синдикатите ги отфрлија како несоодветни и започнаа штрајк во неколку сектори.
Нацрт-законот за пензиските реформи е од клучна важност за политиката на претседателот Николас Саркози, со оглед на фактот дека тој има намера да се бори за нов мандат на претседателските избори во 2012 година.
Шефот на државата ја истакна потребата од намалување на буџетскиот дефицит на Франција.
Синдикатите и политичките противници сметаат дека реформата ги оптоварува неправедно вработените и понудија алтернативни мерки за решавање на проблемите во економијата./крај/бгн/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.