Свет
Штрајкот во Франција продолжува
Француските граѓани се борат со гужвите во преполнетата подземна железница и автобусите на јавниот транспорт на вториот ден од генералниот штрајк на јавните служби во протест против пензиските реформи на претседателот Никола Саркози, пренесува Асошиејтед прес
Француските граѓани се борат со гужвите во преполнетата подземна железница и автобусите на јавниот транспорт на вториот ден од генералниот штрајк на јавните служби во протест против пензиските реформи на претседателот Никола Саркози, пренесува Асошиејтед пресАвтобускиот транспорт е намален за околу една четвртина, додека само еден од секој трет воз е пуштен во сообраќај. Брзиот воз кој ги поврзува Франција и Британија под каналот Ламанш функционира нормално.Околу 1,2 милиони луѓе излегоа на улиците ширум земјата, што е најголем одѕив на штрајк во земјата прочуена по честите штрајкови. Синдикатите кои го организираа штрајкот, пак, тврдат дека одзивот е многу поголем и изнесува околу 3,5 милиони луѓе. И покрај тоа, Саркози инсистира дека владата ќе опстане3 на своите планови за реформи на пензискиот систем, од кои клучната е поместувањето на старосната граница за пензионирање од 60 на 62 години. Тој вели дека тоа е единствениот начин да се спаси пензискиот систем, кој во моментов е тежок загубар. Штрајкот кој започна вчера е петти од мај наваму, но овој пат синдикатите го зголемија влогот со тоа што го прогласија штрајкот за отворен, поточно дека ќе трае додека не ги постигнат своите цели. Клучно прашање4 сега и за синдикатите и за владата е што ќе преземат студентите, кои во неколку наврати помогнале да се срушат непопуларните влади во земјата. Дури и со ваквите реформи на пензискиот систем, Франција натаму ќе биде меѓу земјите со најниска граница за пензионирање во развиениот свет. Премиерот Франсоа Фијон во говорот пред француските парламентарци истакна дека да не се поддржи реформата значи „економско лудило и општествена катастрофа“.Сепак, владата со овие реформи ги стави во залог своите шанси да победи на општите избори во 2012 година. Претседателот Саркози истакна дека пензиските реформи се последната голема цел на овој негов мандат. /крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.