Свет
Експертите први против предлогот на Владата
Предлог-законот за слободен пристап до информациите што се од јавен карактер да се врати во Владата, бидејќи е лош и не ги содржи основните принципи за достапност на информациите, побараа експертите и опозицијата вчера на собраниска комисија за политички систем.
ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ
Предлог-законот за слободен пристап до информациите што се од јавен карактер да се врати во Владата, бидејќи е лош и не ги содржи основните принципи за достапност на информациите, побараа експертите и опозицијата вчера на собраниска комисија за политички систем. Откако не успеаја да се договорат, комисијата ја прекина седницата.
Климе Бабунски, експерт од НВО "Про медија", вчера не доби одговор од министерката за правда Мери Младеновска-Ѓорѓиевска зошто со предлог-законот не е предвидена независна комисија што ќе проценува дали некоја информација треба да остане тајна.
Претставниците на невладините организации истакнаа дека предлог-законот е целосно различен од првичниот текст.
– Сега се исфрлени сите меѓународно прифатени стандарди за пристап до информации. Во новиот текст се исфрлени две третини од претходната верзија со што тој е целосно нов предлог. Со тоа се невалидни сите странски и домашни експертизи за законот, бидејќи сите се однесуваат на првичниот текст. Се сомневам дека пратениците ќе можат со амандмани да го подобрат законот, а министерката не прифати ништо – рече Бабунски.
Експертите имаа забелешки за укинувањето на независната комисија и за можноста за жалбена постапка, за различната цена на информациите за домашните и за странските баратели, што нема тест за штетност кога не се даваат бараните информации и новите надлежности на Министерството за правда кое треба да го контролира процесот на издавање на информации.
Според експертите, предлог-законот е лош бидејќи не е предвидена заштита за одавачите на тајните.
Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ рече дека тие нема да интервенираат со амандмани бидејќи законот е лош и побара тој да се врати во Владата.
Министерката за правда рече дека на законот се работело во изминатите две години во тесна соработка со невладините организации. Според неа, законот за слободен пристап до информации ќе ја подобри борбата против корупцијата и ќе помогне за забрзувањето на интегративните процеси. (М.Т.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.