Свет
Германија: Се отвори дупка и „проголта“ автомобил

Огромна дупка со големина од 40 на 30 метри се отвори утрово на коловозот во германскиот град Шмалкалден и „проголта“ еден автомобил, а уште еден остана да виси на работ.
Огромна дупка со големина од 40 на 30 метри се отвори утрово на коловозот во германскиот град Шмалкалден и „проголта“ еден автомобил, а уште еден остана да виси на работ. За среќа приватните куќи од двете страни на улицата каде се отвори дупката не пропаднаа. Станарите од 23 згради се евакуирани и никој не е повреден.
Веста е заклучена
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Британија ги смени законите за „локдаун“ – можно затворање на рестораните и продавниците до 17 јули

Британската влада ги смени законите за „локдаун“ без многу врева, со што го олесни донесувањето одлуки за затворање пабови, ресторани, продавници и јавни места до 17 јули, објави Телеграф.
Премиерот Борис Џонсон во петокот рече дека Владата не размислува за ублажување на рестриктивните мерки, имајќи предвид дека бројот на заразени со коронавирусот не се намалува, пренесува Ројтерс.
Тој рече дека мерките ќе останат на сила се додека во Владата не се уверат дека програмата за вакцинација влијае на запирање на ширењето на епидемијата.
Свет
По неколку месеци објавен првиот локален пренос на Ковид-19 на Нов Зеланд

Високи здравствени службеници од Нов Зеланд објавија дека го испитуваат првиот потенцијален случај на локално пренесување на коронавирусот првпат по неколку месеци, а станува збор за 56-
годишна жена која дошла од странство.
По враќањето во Нов Зеланд, таа била позитивна на тестот на 30 декември, неколку дена по завршувањето на задолжителниот карантин на границата, каде што тестот покажал дека е двапати негативна, објави Ројтерс.
„ Работиме на претпоставка дека ова е позитивен случај и дека станува збор за многу заразен вид, не знаеме дали станува збор за варијантата од Јужна Африка или Британија, потенцијално и од Бразил или некој четврти“ изјави министерот за здравство, Ешли Блумфилд.
Не е познато како жената се заразила, додаде Блумфилд, но бидејќи беше позитивна на тестот неколку дена по напуштањето на карантинот, властите веруваат дека можеби имало локален пренос
Регион
Во Загреб почина 11-годишно дете кое имало коронавирус

11-годишно момче почина во текот на ноќта на Клиниката за инфективни болести Д-р Фран Михаљевиќ во Загреб како резултат на инфекција со коронавирус.
Ова е најмладото починато лице како резултат на Ковид-19 во Хрватска, пренесува 24сата.хр.
Неофицијално се дознава дека момчето не страдало од други болести, но имало ретка компликација што лекарите почнале да ја забележуваат кај мал број деца кои биле заразени.
Наводно, имало мултиоргански воспалителен синдром кој се јавува како прекумерен имунолошки одговор.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот