Свет
Изрешетан обвинет за убиство на полицајци
Агим Асани беше еден од 6-мината обвинети за убиството на полицајците Ерол Готак, Кирил Петрушевски и Аце Ангеловски на 11 јануари 2000 година, а по шестмесечното судење беше ослободен.
ОРУЖЕНА ПРЕСТРЕЛКА ПРЕД СТОКОВНАТА КУЌА "ИЛИНДЕН" ВО СКОПЈЕ
Агим Асани беше еден од 6-мината обвинети за убиството на полицајците Ерол Готак, Кирил Петрушевски и Аце Ангеловски на 11 јануари 2000 година, а по шестмесечното судење беше ослободен. Тешко ранетиот Асани починал вчера рано наутро во болница додек
Агим Асани (25), еден од обвинетите па ослобедени за убиството на тројца полицајци во Арачиново 2000 година, завчера е убиен пред стоковната куќа "Илинден" во Скопје. Во него од автоматско оружје пукале четири лица и покрај Асани бил погоден и 23-годишниот С.М. Четворицата напаѓачи, чиј идентитет полицијата сеуште не го открива, го пресретнале арачиновецот Асани на паркиралиштето пред стокобвната куќа завчера околу 19.30 часот. Во него било пукано од 2-3 вида автоматско оружје, при што бил погоден неколку пати. Покрај Асани, во пукањето тешко бил ранет и 23-годишниот С.М., за кој вчера немаше потврда дека дали бил заедно со Асани.
Агим откако бил погоден не починал на самото место, туку вчера изутрина во болница им подлегнал на повредите. Напаѓачите веднаш по пукањето избегале, а полицијата вчера соопшти дека дел од напаѓачите и се познати и дека се преземаат мерки за нивно апсење. Вчера немаше официјални информации ниту за мотивите за убиството на Асани, што според полициското соопштение, дополнително ќе биде утврдено.
Агим Асани беше еден од шестмината обвинети за убиството на полицајците Ерол Готак, Кирил Петрушевски и Аце Ангеловски на 11 јануари 2000 година. Агим и другите петмина обвинети по шестмесечно судење беа ослободени од обвинението бидејќи во текот на постапката не се докажала издржаноста на обемниот обвинителен акт. Случајот Арачиниво, неодамна од Апелација беше вратен на повторно судење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.