Свет
Не е познато каде завршиле парите за развој на земјоделството
Државниот завод за ревизија се сомнева во законското и наменското користење на парите од Програмата за поттикнување на развојот на земјоделството во 2003 година.
ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА
Државниот завод за ревизија се сомнева во законското и наменското користење на парите од Програмата за поттикнување на развојот на земјоделството во 2003 година. Во извештајот на ревизорите пишува дека програмата е донесена на 2 јуни 2003 година, а е објавена во Службен весник на 8 јули, што не обезбедува навремено и доследно спроведување на законските мерки бидејќи е поминат вегетацискиот период на растенијата.
Ревизорите укажуваат на непочитување на предвидените процедури за спроведување на Програмата и пренамена на пари без соодветна документација од страна на Министерството за земјоделство во 2003 година.
Во ревизорскиот извештај е наведено дека без соодветен правен акт се пренаменети 18,9 милиони денари за Програмата за здравствена заштита на животните.
“За извршените трансфери на 11 милиони денари наменети за растително производство не е извршен надзор на нивното наменско користење, што е спротивно на Законот за поттикнување на развојот на земјоделството. Исплатени се пет милиони денари на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта без претходно да биде приложена финансиска документација и не е извршен надзор на наменското користење на парите”, стои во извештајот.
Ревизорот укажува дека од Фондот за земјоделство, по неговото укинување, се пренаменети 46 милиони денари за поддршка на одгледувањето женски јагниња, одржување и за проширување на стадото. Но за ова не е побарано од Владата измена и дополнување на Програмата за развој на земјоделството. Во ревизорскиот извештај се наведува дека во 2003 година се склучени договори за сузбивање на боров четник во насадите, а не постои потврда дека се обезбедени пари за тоа.
“Министерството и овластеното лице од Министерството за финансии не постапиле во согласност со Законот за јавни набавки бидејќи не обезбедиле потврда за обезбедените пари”, се вели во извештајот.
Ревизорите бараат од Министерството за земјоделство да изработи повеќегодишни програми за работа во законски утврдените рокови. Тие сметаат и дека треба да се изврши надзор над стручната работа на ветеринарните друштва.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.