Свет
Министерство за транспорт прави место за сопругата на Положани
Министерот за образование Азис Полоижани вчера потврду дека неговата сопруга добила понуда да премине во Министерството за транспорт од Генералниот секретаријат на Владата, но нема да биде назначена на раководна функција.
ДРЖАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА СЕ ПОПОЛНУВА СО РОДНИНИ НА ФУНКЦИОНЕРИ
Министерот за образование Азис Полоижани вчера потврду дека неговата сопруга добила понуда да премине во Министерството за транспорт од Генералниот секретаријат на Владата, но нема да биде назначена на раководна функција.
Афијета Положани, сопругата на министерот за образование Азис Положани добила понуда од Генералниот секретаријат на Владата да премине во Министерството за транспорт и врски. Афијета во владините служби е вработена од пред три месеци како дел од активностите за зголемување на бројот на етничките Албанци во администрацијата.
Министерот за образование Азис Положани потврдува дека на неговата сопруга Афијета, вработена во Генералниот секретаријат во Владата, и е понудено да се префрли во Министерството за транспорт и и врски. Положани негира дека неговата сопруга има амбиција да стане раководител на сектор.
"Мојата жена е предвидена да оди во Транспорт и врски оти е дипломиран архитект, но одговорно тврдам дека не сака да биде шеф на сектор во Министерството. Нема ни можности, а нема ниту искуство за тоа", вели Положани.
Според него, Афијета нема да стане шеф и поради семејни причини.
"Таа ни е повеќе потребна во семејството, колку и да е функцијата примамлива", вели Положани.
За него е нејасно зошто во јавноста се прозборе за трансферот на неговата сопруга кога се уште не е завршена постапката на за преземање.
Во Министерството за транспорт потврдуваат дека има најава за превземање на Афијета Положани од владините служби.
"Во Министерството за транспорт и врски се уште не е постпишан спогодбен договор со кој сопругата на министерот Положани се превзема од владините служби", изјави портпаролката на Министерството за транспорт и врски Лидија Станчевска. Таа вели дека местото раководител на одделението за комунално уредување е слободно откако претходниот раководител заминал во општина Аеродром и сеуште не е потполнето.
Афиујета Положани, пред да се вработи во Владата, работела во приватна ординација на сопругот во Струга. (Н.С. – Т.Ј.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп прашан што мисли со објавата „помошта е на пат“ за иранските демонстранти: Ќе мора сами да го сфатите тоа. Жал ми е
Американскиот претседател Доналд Трамп остана мистериозен во врска со можната помош за иранските демонстранти, откако претходно објави на социјалните мрежи дека „помошта е на пат“.
Кога новинарите го прашаа што мисли со објавата, Трамп одговори: „Ќе мора сами да го сфатите тоа. Жал ми е“, пишува „Аксиос“.
Познато е дека администрацијата на Трамп размислува како да изврши притисок врз иранскиот режим по неговото смртоносно задушување на протестите.
Прес-секретарката на Белата куќа, Керолајн Ливит, вчера изјави дека воздушните напади се меѓу „многуте, многуте опции“ што се разгледуваат, но нагласи дека „дипломатијата е секогаш првата опција за претседателот“.
Свет
26-годишен ирански демонстрант може да биде погубен утре
Ерфан Солтани, еден од илјадниците демонстранти уапсени во Иран минатата недела, се соочува со непосредна егзекуција откако беше осуден на смрт само неколку дена по апсењето минатиот четврток, според извештаите на Би-Би-Си, АФП и Амнести Интернешнл.
26-годишникот беше уапсен во Карај, град на северозападниот раб на Техеран, во екот на протестите и непосредно пред исклучувањето на интернетот. Сервисот на Би-Би-Си разговараше со еден од роднините на Солтани. „За само два дена, судот ја изрече смртната казна и на семејството му беше кажано дека ќе биде егзекутиран во среда“, рече тој.
Амнести Интернешнл предупреди за неговиот случај, изразувајќи загриженост дека иранските власти може „повторно да прибегнат кон кратки судења и произволни егзекуции за да го задушат и одвратат неистомислењето“.
Во меѓувреме, АФП известува дека иранските обвинители објавија дека ќе покренат обвинение против некои демонстранти, кои ги нарекуваат „бунтовници“, за злосторства казниви со смрт.
Според набљудувачите, Иран е земја со најголем број егзекуции во светот, втора по Кина. Норвешката организација „Иран хуман рајтс“ соопшти дека минатата година во Иран биле егзекутирани најмалку 1.500 луѓе.
Свет
Захарова: САД ги користат вештачко поттикнатите немири во Иран како изговор за повторување на нападите врз земјата
Руското Министерство за надворешни работи остро ги критикуваше САД за „заканите за нови воени напади“ врз Иран, а заканата на американскиот претседател Трамп за воведување трговски царини ја нарече „уцена“.
Портпаролката на министерството, Марија Захарова, изјави дека заканите на САД за напади врз Иран се „категорично неприфатливи“. Таа ги предупреди САД да не ги користат немирите во Иран како „изговор“ за повторување на нападите врз земјата, откако американските воздухопловни сили нападнаа три нуклеарни објекти во јуни минатата година.
Според неа, таквата акција би имала „катастрофални последици“ на Блискиот Исток, „како и за глобалната меѓународна безбедност“.
„Исто така, цврсто ги отфрламе бесрамните обиди за уценување на странските партнери на Иран со зголемување на трговските царини“, рече таа, осврнувајќи се на најавата на Трамп за царина од 25 проценти на американскиот увоз за трговските партнери на Иран.
Коментирајќи ги антивладините демонстрации во Иран, таа рече дека „вештачки предизвиканите протести“ се смируваат, што дава надеж за „постепена стабилизација на ситуацијата“.

