Свет
"Паркови" ќе си го бара деловниот простор и ќе тужи за сите побарувања
За повеќе од 20 милиони денари, за кои, наводно, има судски постапки, не постои ниту еден документ за нивно поведување
Откако ревизијата покажа дека Јавното претпријатие работело незаконски
За повеќе од 20 милиони денари, за кои, наводно, има судски постапки, не постои ниту еден документ за нивно поведување
САЊА НАУМОВСКА
Јавното претпријатие "Паркови и зеленило" ќе ги преземе сите мерки за отстранување на неправилностите и незаконското работење на фирмата кои неодамна беа констатирани во извештајот на Државниот завод за ревизија. Извештајот се однесува на финансиското работење на "Паркови" во 2004 година, во времето на директорувањето на Сашко Насев, сегашен амбасадор во Канада, но во него се опфатени и дејства преземани од 1996 година досега. Сегашното раководство на Јавното претпријатие, според новиот концепт на работа, ќе ги расчистува сите спорни побарувања за кои постои судски спор, ќе си ги побара назад становите и деловниот простор што ги платило, ќе побара и камата и ќе подигне тужба за сите ненаплатени побарувања.
Според информациите од директорот Љупчо Димовски, поради пасивноста на поранешните раководства на "Паркови", повеќе од еден милион денари побарувања веќе застареле и ќе мора да се отпишат. На вчерашната средба со новинарите, Димовски апелираше до надлежните државни институции да го преземат нивниот дел од надлежностите и да се расчистат сите утврдени незаконски работи. "Не сакаме граѓаните да се сомневаат дека нивните средства во континуитет се трошат на нелегален начин. Наша главна задача ќе биде економично и совесно работење", вети Димовски.
Инаку, според ревизорскиот извештај, објавен минатиот месец, "Паркови и зеленило" има станбен и деловен простор кој го платил со договори за цесија со неколку фирми, а кој до денес не е во негова сопственост, со што јавното претпријатие има претрпено штета од над 16 милиони денари без да се сметаат каматите.
Претпријатието трпи штета за милионски суми за кои не се поведени судски постапки за наплата, а за повеќе од 20 милиони денари, за кои, наводно, постојат судски постапки, не постои ниту еден документ за нивно поведување. За нив "Паркови" дури исплаќало и хонорари на адвокати од кои нема ниту еден извештај за реализирани предмети. Давани се и аванси од 3,5 милиони, односно 3,7 милиони денари на физички и правни лица без претходно да се склучи договор. "Паркови и зеленило" набавило и ограда за Луна-паркот, односно во корист на трговското друштво "Луна" д.о.о.е.л., а за таа набавка не постоел соодветен акт од надлежен орган.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

