Контакт

Свет

Даночна шепа врз несовесните парајлии

Објавено пред

Никој во државава нема точна пресметка колку тежи даночната евазија. Сите се свесни и признаваат дека ја има, но не можат барем приближно да го изразат низ бројки овој голем грабеж

dobivaj vesti na viber

Даночните власти ги повикуваат граѓаните да ги намират своите обврски спрема државата

Никој во државава нема точна пресметка колку тежи даночната евазија. Сите се свесни и признаваат дека ја има, но не можат барем приближно да го изразат низ бројки овој голем грабеж. И додека од Министерството за финансии досега не сме слушнале податок колку изнесува вкупното даночно затајување, експертите, сепак, излегуваат со некакви математики од кои произлегува дека од 100 можни денари, државата во вид на даноци прибира речиси двојно помалку.

НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА

Професорот Живко Атанасовски вели дека, според неговите пресметки, даночната евазија во земјава тежи околу 40-45 проценти. Тоа значи дека овие пари државата може да ги собере од даночните обврзници, но реално не знае или не сака да ги наплати во националниот Буџет. "Секоја година кога се проектира Буџетот, само рутински се гледа како  да се пополни до одредено ниво на приходи, без да се направат процени за тоа колку даноци навистина стојат на располагање и како да се наплатат", вели овој даночен експерт.

Кај сите видови даноци има сериозни прикривања. "Кај персоналниот данок на доход тоа се прави преку платите на вработените. Во огромен број компании  се пријавува далеку помал износ на плата кој се оданочува, а остатокот им се дава на вработените тајно, кеш,  за да се избегнат даночните обврски. Јавна тајна е дека во некои познати фирми и угледни професии како што се адвокатурата, новинарството, издаваштвото, градежништвото се пријавени минимални плати, а вработените примаат на рака многу поголеми износи, се разбира, неоданочени. Во Управата за јавни приходи знаат дека ако се откријат овие извори на затајување, станува збор за големи пари.  Многу поголеми од сегашните даночни пирамиди. Но, засега никој во тоа не чепка, бидејќи е потребна специфична доказна постапка. Финансиската полиција вели дека може и на дело да ја фати поделбата на кеш пари во фирмите, бидејќи точно се знае кога се подигаат парите и зошто, но немаат  право на самоиницијативност. Финансиските инспектори и полицајци прво мора да јават на повисоко ниво каде сакаат да интервенираат, па потоа, ако им се одобри,  да спроведат некаква акција.

  Кај данокот на добивка, пак, неограничени се можностите за негово затајување. Сега во поново време, особено поради многу дилетантски чекори на властите, тоа на големо се прави и кај данокот на додадена вредност", нагласува Атанасовски.  

Сепак, според последните чекори, државата изгледа дека цврсто решила да ги наплати даноците од сите што инкасираа приходи по разни основи, а избегнуваа да им се оддолжат на даночните власти. "Даночната рака" сериозно ќе ги зафати "парајлиите" што земаат прилично дебели пликови, членувајќи во управни или надзорни одбори, остваруваат хонорари од разни институции, авторски права, кирии, капитални добивки на Берзата и слични приливи на средства. Данокот што за овие екстра-приходи треба да се плати веќе нема да може да се избегнува. Ова особено ќе важи за членството во бордовите на Јавното претпријатие за аеродромски услуги, Македонската радио и телевизија, Јавното станбено претпријатие и слични установи. 

Управата за јавни приходи информира дека сите даночни обврзници кои лани, покрај редовните приходи од плата, оствариле и дополнителен прилив, како што е на пример членување во Управен или Надзорен одбор, имаат законска обврска најдоцна до 15 март годинава, до УЈП да поднесат годишна даночна пријава за 2005 година.

Колку персоналец ќе платат, ќе зависи од тоа колку тежат нивните дополнителни заработувачки. Па така, ако приходите на месечно ниво биле до 30 илјади денари, стапката на данок ќе изнесува 15 отсто. За "побогатите", пак, со месечни приливи до 60 илјади денари, даночната стапка за приливот од 30 до 60 илјади е 18 отсто. И конечно, оние што од вакви екстра-ангажмани месечно успеваат да се "нафатираат" со приходи дури и повисоки од 1.000 евра, за делот над 60 илјади денари ќе плаќаат данок од 24 отсто.

Всушност, стапката на персоналец е иста како и за платите на вработените, со таа разлика што тогаш данокот го плаќа работодавецот, а во овој случај тоа го прави самиот граѓанин, кој остварува вакви дополнителни приливи.

УЈП неодамна, преку медиумите, достави јавна покана до обврзниците да поднесат годишна даночна пријава најдоцна до 15 март.

Притоа, даночните власти децидно потенцираат дека даночни пријави не се должни да доставуваат единствено оние граѓани што остваруваат приходи само од плата или пензија, од земјоделска дејност според катастарските приходи, како и приходи од самостојна дејност.

Сите други кои, покрај редовните плати во фирмите, добро заработуваат и "од други извори", како што се членувања во управни и надзорни одбори, до 15 март ќе мора да поднесат годишни даночни пријави, врз основа на кои ќе плаќаат персонален данок.

Истото ќе важи и за примањата на функционерите, пратениците, советниците и другите носители на јавни функции доколку, покрај тие функции, работат и како доктори, адвокати, професори или други професии. Ќе мора да се пријават и надоместоците за работа на судии-поротници, потоа на вешти лица и стечајни управници, кои не се вработени во соодветните институции или друштва, надоместокот на членовите на Македонската академија на науките и уметностите, како и секој поединечно остварен приход врз основа на договор за дело. Идентично е и за оние што имаат приходи од авторски права и права од индустриска сопственост, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, како што се дивиденди, и приходи од капитални добивки.

"Доколку не ја исполнат оваа своја обврска, УЈП до сите обврзници за кои има податоци ќе поведе прекршочна постапка", вели Магдалена Чижбановска, шеф на Кабинет на директорката на УЈП, Петра Митева. Согласно со законот ќе им следуваат парични казни од 40 до 50 илјади денари.

Инаку, приходите од камати на штедните влогови што граѓаните ги имаат во банките не се оданочуваат, што ќе важи до 2008 година.  

Покрај овие даноци, граѓаните се должни да плаќаат и данок на имот, но отсега ќе го наплаќаат општините и Градот Скопје. Овој данок се плаќа годишно и изнесува 0,2 отсто од вредноста на имотот. Оние граѓани што до крајот на минатата година веќе го пријавиле својот имот и немаат никакви промени во имотната состојба, сега единствено треба да го чекаат решението од градоначалниците за данок на имот, што ќе им пристигне на 31 март или малку подоцна, по што во рок од 15 дена ќе треба да го платат наведениот износ на данок, преку банка или пошта. "Оние, пак, што во меѓувреме купиле нов стан или куќа, ќе мора до општинската администрација да достават нова даночна пријава, со наведената промена, врз основа на што ќе го добијат решението за овој данок", вели Гордана Чолакова, раководител од секторот за финансирање на Град Скопје.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Бројот на умрени во Франција за прв пат од Втората светска војна го надмина бројот на родени

Објавено пред

Франција евидентираше повеќе умрени отколку родени во 2025 година за прв пат од крајот на Втората светска војна, со што се намали нејзината долгогодишна демографска предност во однос на другите земји од Европската Унија, покажаа официјалните податоци.

dobivaj vesti na viber

Националниот институт за статистика INSEE објави дека минатата година починале 651.000 луѓе, а се родиле 645.000 бебиња, бројка што постепено се намалува од пандемијата на коронавирусот.

Франција традиционално е демографски посилна од повеќето други европски земји, но стареењето на населението и опаѓањето на стапките на наталитет покажуваат дека дури ни таа држава не е имуна на демографската криза што ги оптоварува јавните финансии низ Стариот континент.

INSEE објави дека стапката на фертилитет паднала минатата година на 1,56 деца по жена, најниско ниво од Првата светска војна и далеку под 1,8 предвидени од советодавниот совет за пензии во своите прогнози за финансирање на пензии. Во 2023 година, последната година за која беа направени споредби со другите членки на ЕУ, Франција се рангираше на второ место со стапка на наталитет од 1,65, зад Бугарија, која имаше стапка од 1,81.

Националната канцеларија за ревизија минатиот месец предупреди дека демографската промена во наредните години ќе ги доведе јавните расходи до нивоа од ерата на пандемија, а воедно ќе ја намали даночната основа.

Иако бројот на смртни случаи е поголем од бројот на раѓања, населението на Франција малку се зголеми на 69,1 милиони минатата година поради нето миграцијата, која според INSEE е проценета на 176.000.

Очекуваниот животен век достигна рекордно високо ниво минатата година – 85,9 години за жени и 80,3 години за мажи – додека процентот на оние на возраст од 65 години или повеќе кои живеат се искачи на 22 проценти, речиси изедначувајќи го процентот на оние под 20 години.

Прикажи повеќе...

Свет

Сириските власти разбија терористички ќелии на ИСИС во Дамаск

Објавено пред

Сириското Министерство за внатрешни работи денес соопшти дека неговите безбедносни сили разбиле ќелија на ИСИС и ги уапсиле нејзините членови во предградие на Дамаск.

dobivaj vesti na viber

„Членови на терористичка ќелија на ИСИС беа уапсени во градот Џадидат ал-Шибани во долината Барада, предградие на Дамаск“, изјави извор од министерството за Сириската арапска новинска агенција (САНА), без да даде дополнителни детали.

Американски војници убиени во претходна заседа
Тројца Американци, меѓу кои двајца воени лица и еден цивил, беа убиени на 13 декември, а тројца американски војници беа ранети во заседа на ИСИС во централниот град Палмира, според Централната команда на САД (CENTCOM).

Сирија официјално се приклучи на меѓународната коалиција предводена од САД против ИСИС на 12 ноември.

Коалицијата беше формирана во 2014 година и спроведува воени операции против терористичката група во Сирија и Ирак, иако Дамаск претходно не беше член.

Новата сириска администрација работи на заострување на безбедносните услови низ целата земја од падот на режимот на Башар ал-Асад кон крајот на 2024 година.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп прашан што мисли со објавата „помошта е на пат“ за иранските демонстранти: Ќе мора сами да го сфатите тоа. Жал ми е

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп остана мистериозен во врска со можната помош за иранските демонстранти, откако претходно објави на социјалните мрежи дека „помошта е на пат“.

dobivaj vesti na viber

Кога новинарите го прашаа што мисли со објавата, Трамп одговори: „Ќе мора сами да го сфатите тоа. Жал ми е“, пишува „Аксиос“.

Познато е дека администрацијата на Трамп размислува како да изврши притисок врз иранскиот режим по неговото смртоносно задушување на протестите.

Прес-секретарката на Белата куќа, Керолајн Ливит, вчера изјави дека воздушните напади се меѓу „многуте, многуте опции“ што се разгледуваат, но нагласи дека „дипломатијата е секогаш првата опција за претседателот“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа2 часа

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет3 часа

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет3 часа

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија3 часа

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...

Македонија5 часа

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија7 часа

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија8 часа

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија8 часа

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија8 часа

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...

Македонија9 часа

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...

Македонија12 часа

Со паричка во погача, голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...

Топ13 часа

Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца

Кавадаречкото Обвинителство  споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15...

Свет13 часа

Словачките лидери едногласни: Крај на воената помош за Украина

Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу...

Свет14 часа

Претседателката на Молдавија: На референдум би гласала за обединување со Романија

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку тоа прашање некогаш се најде на...

Свет14 часа

Германија предупредува: Плановите на Трамп за Гренланд може да го загрозат НАТО

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека сојузниците во НАТО мора да соработуваат кога станува збор за безбедноста...

Свет14 часа

Конгресмен предлага закон за анексија на Гренланд

Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн предложи закон до американскиот Конгрес со кој на САД би им се овозможила анексија на Гренланд...

Македонија1 ден

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ1 ден

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија1 ден

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...