Свет
Меѓу обвинетата четворка и кошаркарскиот ас Петар Наумоски
Кражбата на близу два тона цигари сопственост на “Гемак трејд” влегува во судска постапка
Наумоски ќе треба да одговара за кривично дело прикривање
Кражбата на близу два тона цигари сопственост на “Гемак трејд” влегува во судска постапка
Наумоски ќе треба да одговара за кривично дело прикривање
ЉубиШа СтанковиЌ
За исчезнувањето на близу два тона цигари, сопственост на приватната фирма “Гемак трејдди, што беше извршено на 15 февруари годинава во центарот на Скопје, Основното јавно обвинителство на Скопје веќе изготви обвинителен акт кој се однесува на сторени кривични дела: затајување, лажно пријавување и прикривање.
Според обвинението, возачот во “Гемак трејдди, Шенол Рамадани се товари за две дела, односно за сторено затајување и за лажно пријавување. Елвис Симоновски и Драгиша Николовски ќе треба да одговараат за сторено дело затајување, а кошаркарскиот ас и актуелен пратеник во Собранието, Петар Наумоски, ќе одговара за дело: прикривање. Првите тројца се обезбедени, бидејќи непосредно по нивното апсење за нив беше одредена мерка притвор, но на Наумоски, најверојатно ќе му се суди во отсуство, со оглед на тоа што тој подолго време е надвор од земјата.
Како што е наведено во обвинението, Шенол Рамадани дента превезувал разни видови цигари, со тежина од 1.850 килограми, вредни три милиони денари. На Шенол, кој го управувал службеното комбе, некаде на булеварот “Маркс и Енгелсси, со возило “ладааи (со таблички СК-510-БЦ) му се приближил Драгиша Николовски, а кога пристигнале на улицата “Самоиловааи, тие ги запреле возилата. По ова Шенол му се приклучил на Драгиша во “ладатааи, а потоа се упатиле кон паркингот кај Саемот. Некако во исто време Елвис Симоновски со комбето, полно со цигари, се упатил кон населбата Керамидница, односно кон магацинот на трговското друштво “Сава-мак Михајло Наумовскиии. Некаде околу 15 часот обвинетиот Петар Наумоски го примил товарот, односно сторил прикривање на затајувањето на цигарите. Според Обвинителството, Наумоски знаел дека цигарите биле набавени на недозволен начин.
Подоцна Елвис го вратил комбето, а заедно со Драгиша се упатил кон улицата “Ташко Караџааи каде што го оставиле возилото. Со автомобилот на Драгиша тие се упатиле кон населбата Шуто Оризари каде што, според претходно направениот договор, го врзале со селотејп лента, а тој, пак, во ПС “Гази Бабааи лажно пријави кривично дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.
Регион
(Видео) Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја
Силно невреме ја зафати Грција, поточно Лариса, каде обилните дождови доведоа до излевање на канализацијата, која ги поплави улиците, а во Волос е забележан и прекин на струја.
Врз основа на податоците од метеоролошката станица на Националната опсерваторија во Атина, измерени се просечни 100 милиметри дожд или максимални 312 милиметри на час, поради што полицијата мораше да го прекине сообраќајот бидејќи улиците беа поплавени.
Во градот Волос во текот на ноќта имало проблеми со струјата, но како што пренесуваат грчките медиуми, се е брзо ставено под контрола.
Министерот за цивилна заштита и климатска криза Василис Кикилијас од вчера е во Тесалија за внимателно да го следи развојот на невремето.
– Имаше оправдана загриженост на граѓаните овде во Тесалија бидејќи сеќавањата за катастрофата се свежи, затоа бевме сите овде, координирани и организирани. Драго ми е затоа што досега овој напор се исплатеше. Само со заедничка и координирана работа можеме да добиеме многу добри резултати – најави тој.
Силен дожд и невреме го зафати јужниот дел на Пелион, а како што јавуваат медиумите паднал и град. Овој регион во септември минатата година беше соочен со разорни поплави.
Ненадејна промена на времето се случи и на големите височини во централна и северна Грција, каде падна снег.
„Снежно невреме е забележано во ски-центарот на Василица“, се наведува.
Во меѓувреме, населението е најмногу загрижено за земјиштето околу езерото Карла на границата на Магнезија и Лариса, кои беа поплавени во септември минатата година. Полињата, па дури и воените инсталации во Стефановики се под тони вода.
Свет
Десетгодишно дете призна дека убило човек пред две години, полицијата во Тексас во шок
Десетгодишно дете од американската сојузна држава Тексас, кое било испрашувано поради наводна закана дека ќе го убие својот соученик, им кажало на инспекторите дека убил човекот пред две години без никаква причина, соопштија органите на редот.
Според законите во Тексас, детето не може да биде обвинето за злосторството бидејќи во моментот на убиството имало помалку од 10 години, пренесува CBS News.
Момчето им кажало на училишните службеници дека пукало и убило човек во 2022 година, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Гонзалес.
Како што е наведено, момчето им дало на истражителите информации за убиството на 32-годишниот Брендон О’Квин Резбери на 18 јануари 2022 година во Никсон, Тексас.
Тој рече дека тој ден бил кај својот дедо на гости во паркот за кампери во близина на местото каде што живеел Резбери, и дека извадил пиштол од кабината на камионот на неговиот дедо, влегол во комбето на Резбери, пукал во него и го убил.
Тој исто така изјавил дека никогаш претходно не го видел Расбери и дека убиениот не направил ништо за да го налути.
На 12 април, инспекторите го пронајдоа пиштолот користен за убиството на Разбери во заложна продавница во блискиот град, но бидејќи детето имало помалку од 10 години кога го извршило злосторството, не може да биде обвинет за убиството во 2022 година.
Детето е обвинето во врска со заканата упатена кон соученик и се наоѓа во малолетнички притвор, каде го чека почетокот на судењето.