Свет
И фирма од Карибите во битка за „Саса“
Канадската фирма „Ерин Венчерс“, која понуди 4 милиони евра, и „Ромтрејд“ од Карибите, со понуда од 3 милиони и 20 илјади евра, се единствените конкуренти за купување на имотот на рудникот за олово-цинкова руда „Саса“ од Македонска Каменица.
Канадската фирма „Ерин Венчерс“, која понуди 4 милиони евра, и „Ромтрејд“ од Карибите, со понуда од 3 милиони и 20 илјади евра, се единствените конкуренти за купување на имотот на рудникот за олово-цинкова руда „Саса“ од Македонска Каменица.
Канадската фирма, која се занимава со металургија и геологија, во деловниот план што го понуди на последниот тендер за продажба на загубарот се обврза дека рудникот ќе го рестартира за шест месеци од потпишувањето на купопродажниот договор, дека до крајот на наредната година ќе врати на работа 512 рудари и ќе инвестира 14.475.000 долари.
Компанијата „Ромтрејд лимитед“ за купување на „Саса“ нуди 3 милиони и 20 илјади евра. таа фирма го доби тендерот за скопската топилница, а нејзиниот застапник во земјава, Русинот Павел Малиновски, го купи рудникот за бакар и злато „Бучим“ кај Радовиш за 9 милиони евра. Во нивниот деловен план пишува дека рудникот ќе биде рестартиран пет месеци по потпишувањето на договорот, оти ќе вработи 920 лица до крајот на наредната година и дека за тој период ќе инвестира 26 милиони долари. Оваа фирма е регистрирана во Сент Винсент на Карибите. Собранието на доверителите на „Саса“ за 10 до 15 дена на седница ќе одлучи која од двете понуди ќе биде прифатена и која фирма ќе биде купувач на рудникот.
Неофицијално, другите компании, кои не конкурираа, се откажале поради нерешениот спор со претходниот купувач, Словенецот Блажо Тасев.
Според Виктор Тодоров, стечаен управник на „Саса“ купопродажниот договор со Тасев не бил потпишан откако одборот и собранието на доверителите се премислиле оти понудата (606 илјади евра) им била мала.
– Сметате ли дека оваа сума е солидна за вакво национално богатство кога на овој тендер се нудат 4 милиони евра – ги праша Тодоров новинарите.
Пред потенцијалните купувачи на „Саса“, стечајниот управник навести дека истото може да им се случи и ним, ако собранието на доверителите се премисли и оцени дека може да добие повеќе пари за рудникот.
– Да, теоретски тоа значи – рече Тодоров. Тој се повикува на документ што го потпишал Тасев дека како учесник на тендерот нема никакви права пред потпишувањето на купопродажниот договор. Тодоров тврди дека Тасев не е заведен во катастарот како сопственик на рудникот. Тој вели дека уплатените 606 илјади евра ќе му бидат вратени на Тасев.Тој немаше одговор дали како стечаен управник ќе му овозможи на идниот инвеститор да влезе во рудникот, со оглед на тоа дека судскиот спор со Тасев може да трае повеќе месеци. Словенечкиот бизнисмен најави дека правдата за рудникот ќе ја бара до Меѓународниот суд во Стразбур. И словенечката амбасада најави дека ќе преземе мерки за заштита на инвестицијата на Блажо Тасев, кој уплати пари за „Саса“, но не го доби рудникот. М.К.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.