Свет
Цигарите пак поскапуваат
Заради новиот надоместок од три денари по пакување цигари, што стартува од први април, цигарите ќе поскапат меѓу пет и шест денари
ОД ПРВИ АПРИЛ
Заради новиот надоместок од три денари по пакување цигари, што стартува од први април, цигарите ќе поскапат меѓу пет и шест денари
Од први април пакување цигари ќе биде поскапо за 5-6 денари. И домашните и странските. Според новиот Закон за тутун и тутунски производи, за примарно тутунско производство, за дополнително финансирање на примарното земјоделско производство и за промоција на извозот, утврден е надоместок од 0,15 денари по парче или три денари по пакување цигари, што ќе го плаќаат правните лица кои произведуваат или увезуваат тутунски производи. При увозот на пури или цигарилоси, надоместокот е 10 денари по парче.
Во Управата за јавни приходи објаснуваат дека оваа законска одредба стапува во сила од први април. Сите даночни обврзници кои ќе пуштат во промет цигари во текот на април, должни се да го уплатат надоместокот до 15 мај. Заради надоместокот и зголемувањето на давачките кон државата поради зголемената основица за оданочување, цигарите ќе поскапат за пет до шест денари. Задолжена за евиденција на обврзниците кои плаќаат надоместок е Даночната управа.
Во Скопскиот и Прилепскиот тутунски комбинат вчера потврдија дека нивните цигари поскапуваат од први април.
"Новите калкулации сега ги правиме. Во претходното поскапување на цигарите не беше вклучен овој надоместок и затоа сега следува ново поскапување, кое ќе биде околу 5 денари", објаснија во Тутунски комбинат- Скопје.
Ова ново поскапување на цигарите, според очекувањата, ќе му даде дополнителен замав на шверцот. (А.С.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.