Свет
Шест менаџери осомничени за даночно затајување
Управата за јавни приходи откри даночно затајување во "Жито – Прилеп", "Ма-кам милениум" и во "Примтекс", а против шестмина прилепчани поднесе кривични пријави до Обвинителството.
Откриени проневери во три прилепски фирми
Управата за јавни приходи откри даночно затајување во "Жито – Прилеп", "Ма-кам милениум" и во "Примтекс", а против шестмина прилепчани поднесе кривични пријави до Обвинителството.
Брачната двојка Сузана и Зоран Тодороски, управители на "Ма-кам милениум" и екскомпањони на Џорџ Атанасоски, се осомничени за даночно затајување на приближно на 2,5 милиони денари. Тие во период од две и пол години при продажбата на набавените нафтени деривати на физички лица и фирми не плаќале ДДВ. И поранешните менаџери на "Жито – Прилеп", Митре Трајчески и Симон Талески, се осомничени за даночно затајување на над 330.000 денари. Како што соопштуваат од Обвинителството, двајцата менаџери цела 2004 година им исплаќале аванси на кооперантите за семенска пченица од фирмата чиј сопственик е бизнисменот Атанасоски, а притоа не го плаќале персоналниот данок од доход.
Третата пријава на Управата е против уште една брачна двојка Силјаноски Р. и Ј., сопственици на "Примтекс". Тие во текот на целата 2004 не плаќале персонален данок од доход, со што ја оштетиле државата за сума од над 300.000 денари. Обвинителството поднесе барање за истрага.
Полицијата уште минатата година ги осомничени Тодороски и Трајчески за даночно затајување на поголеми суми во компаниите чиј сопственик е американскиот бизнисмен Атанасоски. Поради сомневање за финансиски злоупотреби, Атанасоски го разреши од функцијата Трајчески, а полицијата го осомничи за затајување данок. Полицијата поднесе три пријави против Тодороски за затајување на над 500.000 евра. Тој до неодамна беше во домашен притвор поради сомневања за финансиски малверзации. Со фирмите на бизнисменот Атанасоски судот има полни раце работа. Атанасоски го обвинува Тодороски за финансиска злоупотреба на неговите пари. Тој очекува судска разрешница со која ќе си ги врати поголем дел од вложените над 4 милиони долари во неговиот бизнис во Прилеп, како сопственик на хотелите "Сонце" и "Липа" и на фирмата "Жито – Прилеп".
(М.Т.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.