Свет
„Бучим" е против зголемувањето на концесиските давачки
За експлоатација на бакарната руда „Ром трејд", наместо 160.000, на државата ќе и плаќа 610.000 долари
За експлоатација на бакарната руда „Ром трејд", наместо 160.000, на државата ќе и плаќа 610.000 долари
Кога влегува нов инвеститор, договорените услови за работа мора да важат на рок од најмалку пет – десет години, вели Николајчо Николов, заменик-генерален директор
ИВАН БОЈАЏИСКИ
ШТИП – Новата одлука за концесиски надомест, која Владата ја донесе кон крајот на минатата година, предизвикува реакции кај раководните структури во рудникот за бакар "Бучим" кај Радовиш. Според раководството на овој рудник, станува збор за енормно, четирикатно зголемување на обврските според овој основ, па наместо 160.000 долари на име концесии годинава тие ќе мора да платат 610.000 долари.
"Кон крајот на април, минатата година, на неколку дена пред официјалниот старт на производството, нам ни беше извршен пренос на концесиите што ги поседуваше поранешниот сопственик, фирмата "Семкорп". "Бучим" стартуваше на 6 мај и за осум месеци, согласно со концесискиот договор, на државата Ј плативме 100.000 долари. Но, по седум месеци работа во услови договорени во фазата на купувањето на рудникот Владата ја донесе новата одлука за концесиски надомест со која драстично се зголемија нашите финансиски обврски", вели Николајчо Николов, заменик-генерален директор.
Николов потсетува дека нестабилните услови за работа може да ги демотивираат инвеститорите, без оглед од каде доаѓаат. Тој потенцира дека кога влегува нов инвеститор, договорените услови за работа мора да важат на рок од најмалку пет до десет години. Во спротивно, Македонија како терен за нови инвестиции ќе ја проблематизира својата јавно прокламирана определба за привлекување свеж капитал, без оглед дали инвеситциите се од странско или од домашно потекло. Инаку, концесискиот договор на кој реагираат од "Бучим" се однесува на трите проценти од остварената продажна цена во една деловна година, а кои рудникот е обврзан да ги плаќа на државата. За годинава "Бучим" планира производство кое финансиски тежи помеѓу 20 и 22 милиони долари.
"Новото непланирано финансиско оптоварување доаѓа во момент кога надвор од сите укажувања и претпоставки се соочивме со намалена содржина на бакарот во рудата и наместо 0,24 проценти, како што тврдеше "Семкорп" кој пред нас го управуваше рудникот, сега во рудата остваруваме 0,19 проценти бакар. Тоа е намалување за цели 26 проценти. Нашиот рудник, веројатно, е единствен во светот кој работи со толку ниски содржини на метал во рудата, но исплатливоста на работењето ја прави мошне високата цена на бакарот на светската берза на метали за која не сме сигурни до кога ќе потрае", потенцира Николов. За целата оваа нова ситуација раководството на "Бучим" ја запознало Владата, Министерството за економија и Стопанската комора, но одговор сў уште не добиле.
Инаку, осумесечното работење во минатата година овој рудник го заврши со профит од 700.000 долари. Произведени се 23.000 тони бакарен концентрат, платата во просек од 220 евра редовно е исплатувана како и сите обврски кон државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.