Свет
Светската банка сугерира да се објави договорот за ЕСМ
Светска банка и сугерирала на Владата да го обелодени купопродажниот договор за ЕСМ што неодамна го потпиша со идниот сопственик на Дистрибуцијата, австриската компанија „ЕВН АГ“, дознава „Време“ од извори во Министерството за финансии.
Светска банка и сугерирала на Владата да го обелодени купопродажниот договор за ЕСМ што неодамна го потпиша со идниот сопственик на Дистрибуцијата, австриската компанија „ЕВН АГ“, дознава „Време“ од извори во Министерството за финансии.
Мисијата за енергетика на Банката која деновиве престојува во земјава им сугерирала на министерот за финансии Никола Поповски и на неговиот колега од Министерството за економија Фатмир Бесими дека за да се запазат начелата на транспарентност при приватизацијата потребно било документот што ги уредува правата и обврските на новите мнозински акционери да биде ставен на увид на јавноста. Како што образложиле мисионерите од СБ, во процесот на приватизација мора целосно да се почитува начелото на транспарентност. Како што дознаваме, ставот на мисијата бил државата да најде начин и да го стави договорот на увид бидејќи во него немало одредба за тајност. Во случајов, рекле од мисијата, станува збор за приватизација на компанија што е во стопроцентна сопственост на државата, а не се работи за договор склучен меѓу приватни деловни субјекти.
Неофицијално, овие сугестии од Светска банка веќе ги напишале во последниот извештај што веќе наредната недела се очекува од нејзината канцеларија во Скопје да биде испратен кај премиерот Бучковски, и министрите Поповски и Бесими. Во Владата засега се молчи за ставот на мисијата.
И домашната стручна јавност инсистира Договорот за ЕСМ да биде обелоденет за да се сопрат сите шпекулации оти во него се вметнати штетни клаузули.
Владата, според последните информации најверојатно ќе стави на увид делови од договорот потпишан со австрискиот концерн „ЕВН“, но претходно секој што ќе посака да ги види ќе мора да потпише изјава оти нема да ги коментира во јавност. Австријците, пак, повикувајќи се на деловните интереси биле против иницијативата договорот да стане јавен документ.
Нашите извори велат дека една од препораките во најновиот извештај на мисијата била Владата да се заложи за зголемување на производствената цена на електричната енергија бидејќи заклучокот бил дека државната компанија „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) моментно работела на граница на рентабилноста.
М.К.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка
Родителите се тие кои имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два часа. Познато е дека кога ќе исчезне дете, веднаш се пријавува за да се реагира брзо, изјави за Телеграф.рс Марко Ницовиќ, поранешен началник на белградската полиција.
Според Ницовиќ, полицијата оди во добра насока, бидејќи ја чешла секоја педа од земјата, но се надеваат и дека темелно се проверуваат граничните премини, бидејќи не ја исклучуваат можноста за киднапирање.
– Би можело да биде се, не е исклучена никаква можност. Ако мајката рече дека го оставила девојчето на минута, го поставуваме прашањето каде би можело да оди двегодишното дете? Колку далеку, без мајка му да го најде? Второ, зошто чекаа два часа? Има простор и за киднапирање, а знаеме дека границата е блиску, но и за многу повеќе. Отворени се многу прашања и останува да се почека истражните органи да си ја завршат работата, вели Ницовиќ за српски Телеграф.
Да потсетиме, потрагата по двегодишната Данка Илиќ влезе во четврти ден. Во потрагата од утрово се вклучени уште 18 пожарникари и кучето Зиги.
Багери вчера цел ден копаа и вадеа ѓубре и шут од куќата, а пред куќата каде последен пат беше видена исчезнатата Данка по која трага цела Србија пристигна тешка механизација која ќе продолжи да работи денес за да се расчисти теренот.
Свет
Во Таџикистан се уапсени девет лица поврзани со масакрот во Москва
Таџикистан уапси девет лица осомничени дека се поврзани со масовното пукање во руската концертна сала минатиот петок, како и милитантна исламистичка група која ја презеде одговорноста за нападот, изјави таџикистански безбедносен извор за Ројтерс. Четворицата осомничени напаѓачи зад најсмртоносниот напад во Русија во последните 20 години се државјани на Таџикистан. Тие беа уапсени со уште седум други осомничени, од кои некои исто така потекнуваат од поранешната советска централноазиска земја.
Одборот за државна безбедност на Таџикистан приведе девет лица во градот Вахдат. Осомничените сега се во главниот град Душанбе, рече изворот, но не даде детали. Најмалку 143 лица загинаа во напад на концертна сала во близина на Москва.
Таџикистан, член на безбедносниот блок предводен од Русија и дом на руската воена база, ги собра семејствата на осомничените напаѓачи за да можат да бидат испрашани од руските истражители во Душанбе, изјавија извори за Ројтерс.
Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во концертната сала, а американските официјални лица рекоа дека имаат разузнавачки информации кои укажуваат на тоа дека нападот го извршил авганистанскиот огранок на мрежата, Исламската држава Хорасан (ИСИС-К).
Руските истражители вчера објавија дека пронашле докази дека напаѓачите се поврзани со „украински националисти“. САД веднаш го отфрлија тврдењето како неоснована пропаганда. Киев остро негираше каква било вмешаност во нападот на концертната сала.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километра од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12.37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала по што следеа афтершокови.