Свет
Нема ни тестови ни лекови за алергија
Тестови за алергија нема, а во аптеките нема ниту доволно лекови за третман на оваа болест. Единствено на Клиниката за пулмологија во Скопје има мала количина од тестовите, но лекарите оттаму алармираат дека каде и да, со оглед на огромниот број паци
СЕЗОНСКИТЕ БОЛЕСТИ ГИ ПРЕПЛАВИЈА ПУЛМОЛОШКИТЕ АМБУЛАНТИ
Тестови за алергија нема, а во аптеките нема ниту доволно лекови за третман на оваа болест. Единствено на Клиниката за пулмологија во Скопје има мала количина од тестовите, но лекарите оттаму алармираат дека каде и да, со оглед на огромниот број паци
Тестови за алергија нема, а во аптеките нема ниту доволно лекови за третман на оваа болест. Единствено на Клиниката за пулмологија во Скопје има мала количина од тестовите, но лекарите оттаму алармираат дека каде и да, со оглед на огромниот број пациенти, и оваа залиха ќе ја снема. Без овие тестови, лекарот не може да ја одреди точната терапија на пациентот, ниту пак да го предупреди од што треба да се заштитува и како да ја контролира болеста.
Од овој месец, па во наредните два трае сезоната на пролетни алергии, заболувања од кои страдаат 90 проценти од лицата со алергии и период кога пулмолошките амбуланти крцаат од пациенти, посебно од деца.
Поради тоа, пациентите мораат анализите за тоа на што се се алергични да ги прават на приватно и за тоа да плаќаат и до 3.000 денари. Но, стручњаците алармираат дека ваквите испитувања по приватните лаборатории ни од далеку не се реалната слика за постоење на евентуална алергија кај пациентот.
"Приватните лаборатории си прават бизнис, убедувајќи ги болните дека тестовите преку крв ќе ја покажат вистинската алергија. Тоа е апсурд. Точно се знае дека т.н тестови на кожа се тие кои ја даваат вистинската слика на што се е алергичен пациентот", објаснуваат алерголозите.
Тие се категорични дека секоја нетретирана алергија може да заврши со трајни последици по здравјето на пациентот, а некогаш дури и со смрт. Токму поради тоа, лекарите укажуваат дека оваа болест задолжително од првиот ден, па кај некои случаи дури и пред појавата на алергијата, мора да се лекува со соодветна таблетарна или терапија со спрејови.
Но, и покрај ваквите предупредувања, вообичаено, со години наназад по аптеките нема доволен број на лекови против алергија.
"Ако има таблети, нема спреј и обратно. Или ќе најдеш сируп, ама се друго што ти препишале на рецепт го нема, а на приватно е изгор скапо. А, како да се оставам без лекови, ако не ги примам се гушам или очите ми се затвораат од отоци", вели пациентка на Клиниката за пулмологија, која трета година боледува од пролетна алерија.
Од државните аптеки во Скопје пак убедуваат дека лекови има, и дека посебно оние за алергија во овие месеци се нарачуваат во поголема количина од вообичаената.
" За овој месец се добиени 1.500 скатули таблети од една група на антиалергетици, додека од другата 2.000. Истовремено се обезбедени и 310 шишиња сируп. За идниот месец бројката е поголема и се движи 2.200 олекови од едната, а 2.800 од другата група медикаменти. И бројот на сирупи е зголемен за 40. Тоа ако се спореди со претходните месеци е дуплирана бројка", објаснуваат од скопските аптеки.
Низ аптеките во Македонија, фармацевтите коментираат дека набавуваат толку лекови колку што државата им дава пари, не сакајќи да прецизираат дали бројката на препаратите на рецепт е пропорционална со бројот на алеричните лица.
Здравствените податоци покажуваат дека во земјава од година во година енормно расте бројот на лица со алергиски заболувања. Само за последниве 10 години, бројката е зголемена за пет проценти, што , за алерголозите е висок показател.
Во Македонија регистрирани се вкупно 400.000 алергични пациенти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.