Свет
Амбасада во Брисел во четири очи
Наши извори во МНР велат дека Владата пред околу две недели донела одлука наместо со тендер, со непосредна спогодба да купи простории во Брисел во кои ќе се сместат постојаната мисија на Македонија при Европската унија и амбасадата што ќе ја покрива
ВЛАДАТА СЕ ПРЕМИСЛИ ЗА ТЕНДЕРОТ ЗА КУПУВАЊЕ ДИПЛОМАТСКО ПРЕТСТАВНИШТВО ВО СЕДИШТЕТО НА ЕУ
Наши извори во МНР велат дека Владата пред околу две недели донела одлука наместо со тендер, со непосредна спогодба да купи простории во Брисел во кои ќе се сместат постојаната мисија на Македонија при Европската унија и амбасадата што ќе ја покрива
Владата со непосредна спогодба ќе купува простории во Брисел, во кои ќе се сместат постојаната мисија на Македонија при Европската унија и амбасадата што ќе ја покрива Белгија. Ваквата одлука, тврдат наши извори во Министерството за надворешни работи, била донесена пред околу две недели на една од владините седници, со што била заменета првичната идеја новата зграда да се купува на тендер.
Нашите соговорници велат дека промената на ставот следувала откако Владата се уверила дека варијантата со тендерот не ја бива, затоа што условите за распишување тендери во Белгија биле сосем поинакви од оние кај нас. Според претставници на МНР, наводно, проблемот бил околу финансиските ограничувања на тендерот, затоа што Владата располага со лимитиран буџет за купувањето на просториите и нивното опремување. Неофицијално, во МНР оперираат со цифрата од 190 милиони денари (нешто повеќе од 3 милиони евра) – кои со новиот буџет им биле наменети за купување на објектот. Но, од таа сума, објаснуваат, треба да се извадат околу 200.000 евра што би требало да бидат доволни за техничко опремување на новата амбасада.
Од друга страна, велат нашите извори, не е јасно зошто Владата воопшто и отишла на варијантата тендер, што е малку неизводлива во случаи на купување недвижности. Но, објаснуваат дека таа опција дошла на маса првенствено заради некои утки што владата досега ги направи во набавките, кога одредени услуги се добивани од семејства на владини службеници. Како пример се посочуваат просториите во кои првично беше сместено македонското економско претставништво во Приштина – во куќа што му припаѓаше на семејството на државниот секретар во министерството за култура Кастриот Абдули, за што се плаќаше кирија од околу 3.500 евра месечно. По пишувањата во медиумите, Владата утврди конфликт на интереси по што се формираше мешовита комисија која бараше нови простории. Затоа сега министерството за финансии барало тендер, покриен со законот за јавни набавки.
Во МНР велат дека дипломатскиот кадар во македонската мисија во Брисел, која заедно со амбасадата гледа на авенијата "Луиз" – еден од поексклузивните реони на градот, собрал некои понуди во рангот на сумата со која се располага. Не се кажува дали некоја е веќе прифатлива за Владата, туку се инсистира дека понудите ќе бидат разгледувани од 7 – члената комисија во која има претставници на МНР, МВР и министерствата за финансии и транспорт и врски. Нашите соговорници кажуваат и дека одолговлекувањето и премислувањето околу начинот на набавка на зградата остава можност за неа да одлучува новата Влада, затоа што административната процедура не може да се заврши набрзина.
Формалната одлука за купување на амбасада во Брисел, во која ќе работи и постојаната мисија при ЕУ, беше донесена лани во јуни. Образложението беше дека на подолг рок тоа е поисплатливо отколку плаќањето кирии, што е уште доминантен принцип во дипломатската мрежа на Македонија. Особено што постојано се предвидува и засилување на персоналот во Брисел, по добивањето на кандидатскиот статус од Унијата. Но, процесот застана до крајот на 2005 година, оти парите требаше да се предвидат со новиот буџет.
Купувањето на амбасади на почетокот на минатата година го најави премиерот Владо Бучковски, кога по посетата на МНР беше кажано дека со министерката Митрева договориле истата година да се купат 2 – 3 амбасади на лизинг, со парите од дивидендата од Телеком, за да се намалеле трошоците за кирии што ги плаќа Македонија, а кои според неофицијалните информации изнесуваат околу 5 милиони евра годишно – пари кои одат на плаќање на амбасадите, дипломатските претставништва и кириите за становите на дипломатите. Македонија во своја сопственост ги има амбасадите во Берлин, Париз, Вашингтон, Канбера и Сараево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Државниот хрватски инспекторат повлече KitKat чоколада од продажба
Државниот хрватски инспекторат го повлече од пазарот производот Nestle KIT KAT Mini Waffle поради присуство на минерални масла, извести Хрватската агенција за земјоделство и храна, пренесе Индекс.хр.
Како што објаснуваат во соопштението, станува збор само за Nestle KIT KAT Mini 200 грама во кесичка (производ од вафли прелиен со млечно чоколадо), серија 40580734, со рок на употреба 01.2025 година.
Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а производот е пласиран на пазарот од Nestle Adriatic d.o.o., Загреб, Хрватска.
Свет
Родителите на Кејт Мидлтон се нејзиниот темел додека таа бори во најтешката животна битка
Во петокот, принцезата од Велс го шокираше светот со веста за нејзината болест.
„Таа има навистина тесен круг на пријатели, особено во Норфолк, таму има многу блиски пријатели“, изјави за странските медиуми за принцезата Кејт Мидлтон, кралскиот експерт Кејти Никол. Таа неодамна и откри на јавноста дека и е дијагностициран рак, по неколкумесечни шпекулации дека нејзината здравствена состојба не е добра, но и дека се повлече од јавноста затоа што нејзиниот сопруг Вилијам ја изневерил.
Никол појасни кој всушност претставува основа на се, во животот на принцезата.
„Нејзиното безбедно пристаниште дефинитивно се нејзините родители, братот Џејмс и сестрата Пипа. Иако не ги гледаме често на заеднички фотографии, тие речиси секогаш се некаде блиску до неа. Тие се апсолутно нејзиниот темел”, рекол тој. Со неговата изјава се согласија и следбениците на социјалните мрежи кои раскажаа како Кејт се дружела со мајка си откако дознала за тешката дијагноза, бидејќи знаела дека може да и каже такви информации, но и дека ќе добие утеха и совет. Нејзините родители ја поддржувале во веројатно најтешките моменти од нејзиниот живот.
Керол и Мајкл Мидлтон добиле олеснување кога слушнале дека ракот е откриен во рана фаза и се чувствувале безбедно бидејќи нивната ќерка е на превентивна хемотерапија.
„Кетрин ќе ги има најдобрите доктори на светот кои ќе ја чуваат, така што таа е во сигурни раце. Керол и Мајкл отсекогаш биле силна двојка и многу приземни. Она што сега го прават е да се здружат и да ја поддржуваат неа, и не само Вилијам и Кејт, туку и нивните внуци“.
Братот Џејмс испрати порака за поддршка на својата постара сестра. Тој објави фотографија кога биле деца и и посвети прекрасни зборови:
„Искачивме многу планини заедно низ годините. Како семејство, оваа ќе ја искачиме со вас.
Свет
ИДФ: 200 членови на Хамас убиени во болницата Ал-Шифа, ги евакуиравме пациентите и персоналот
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека повеќе од 200 вооружени лица биле убиени за време на операцијата против Хамас во болницата Ал-Шифа во градот Газа.
Во текот на изминатиот ден, напаѓачите на Хамас излегоа од собата за итни случаи во Ал-Шифа, каде што се криеја, и отворија оган врз израелските војници, тврди ИДФ, додавајќи дека неколку слични инциденти се случиле во последните денови.
Во текот на борбите, армијата вели дека војниците евакуирале цивили, пациенти и медицински персонал во друг дел од болницата „која ИДФ ја подготви и ја постави за да овозможи продолжување на соодветниот медицински третман“, пишува „Тајмс оф Израел“.
Истовремено, ИДФ тврди дека уште десетици оперативци на Хамас биле убиени за време на операциите во изминатиот ден во градот Ал-Карара во јужниот дел на Газа и во квартот Кан Јунис Ал-Амал.
Војниците кои дејствуваат во јужниот дел на Газа, исто така, лоцирале и уништиле складишта за оружје, а во централниот дел на Појасот, ИДФ вели дека неколку противнички оперативци биле убиени во текот на изминатиот ден од војниците на бригадата Нахал и во воздушните напади.