Свет
(Видео) Кина испраќа тенкови пред вратaта на Хонгконг

Кинески воени возила се собираат во Шенжен, град оддалечен само 25 километри од Хонгконг, што е јасен предупредувачки знак од Пекинг до демонстрантите во Хонгконг.
Неколку снимки објавени на социјалните медиуми покажуваат долга поворка воени камиони и оклопни возила што влегоа во Шенжен во понеделникот наутро. Кинескиот таблоид „Глобал тајмс“ објави компилација од разни снимки на кои се прикажани воени камиони кои се подготвуваат во Шенжен „пред големи воени вежби“.
Весникот исто така забележа во својот извештај дека 12.000 полицајци, тенкови, хеликоптери и возила амфибии се собрале во Шенжен на 6 август за да учествуваат во нешто што изгледа како вежби за одговор на немирите.
A thread with some footages of Chinese armed forces movements around Shenzhen across the border from HK.
China is stepping up its signalling, and the message that it wants to conbey is pretty clear: if the protests escalate further, Chinese armed forces will intervene… pic.twitter.com/IfUK2h4g4e
— Adam Ni (@adam_ni) August 12, 2019
Адам Ни, истражувач на кинеската надворешна и безбедносна политика на австралискиот национален универзитет, на „Твитер“ изјави дека воениот приказ е јасно предупредување на Хонгконг за борбената готовност на Кина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Бајден со историчарите за демократија: Сегашната ситуација споредена со онаа пред почетокот на граѓанската војна

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден минатата недела приватно се сретнал со група историчари во Белата куќа кои го предупредиле за постојаните закани за демократијата, пишува Вашингтон пост.
Како што пишува „Вашингтон пост“, тие исклучиво разговарале за тоталитаризмот ширум светот и за заканите што постојат за американската демократија.
Историчарите со кои се сретнал Бајден ја споредиле моменталната ситуација во САД со онаа непосредно пред почетокот на американската граѓанска војна и со оние фашистички движења пред почетокот на Втората светска војна.
Инаку, оваа средба беше во согласност со навиката на Бајден да бара надворешни експерти за да дадат насоки за внатрешната и надворешната политика. „Вашингтон пост“ потсетува на средбата на Бајден со поранешниот американски претседател Бил Клинтон, со кого разговарал за инфлацијата и претстојните избори.
Регион
Абазовиќ: Оние што сакаа да ми ја скинат главата нека побрзаат

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, го повика Специјалното државно обвинителство (СДТ) да ги истражи наводите објавени од порталот „М“, според кој од членови на еден од најозлогласените криминални кланови на Балканот бара да му набават четири шифрирани телефони.
„Го повикувам СДТ да ги истражи сите небулозни обвинувања поврзани со моето име, објавени од квазипортал, кој има задача да ја спроведе највалканата кампања против мене во наредниот период, слична на онаа во август 2020 година. Верувам дека на сите им е јасно од каде доаѓа ова и дека кругот се стега околу криминалните структури блиски до одредени политички групи во рамките на ДПС, чија цел е да ја дестабилизираат Црна Гора за да ја зачуваат нивната финансиска моќ, но уште поважно за нив – да се избегне правдата“ рече Абазовиќ за „Телеграм“.
Тој рече дека им стои на располагање на државните органи за секакви појаснувања.
„Истовремено, ги повикувам да побрзаат оние што имаа намера да ми ја скинат главата. Дури и да успеат во својата криминална намера, нема да ја сопрат раката на правдата. Сè е уредно сочувано и складирано онаму каде што треба. Се радуваме на сè што следува“, изјави Абазовиќ.
Регион
Пожарот кај Бар под контрола, огнот кај Котор се доближил до куќите

Пожарот кај Црвена плажа во Бар е ставен под контрола, изјави заменик-командантот на Службата за заштита и спасување на Црна Гора, Ацо Вулетиќ, посочувајќи дека две лица се повредени кои помагале во гаснењето. Во меѓувреме избувна пожар кај Котор, а пожарот над Каменар го гаси хеликоптерот на МУП.
Заменик-командантот на Службата за заштита и спасување Котор, Едуард Ковачиќ за Радио Котор изјавил дека на таа локација се испратени сите расположливи противпожарни сили и дека помош даваат и членовите на Доброволното противпожарно друштво „Богољуб Брезиќ“ од Пераст.
„Пожарот се доближи до куќите, но засега ситуацијата е под контрола“, рекол Ковачиќ.
Во моментов, освен во Дражин врв, активни пожари има и во Костањица, Мориње и Бијела, како и во пожарното подрачје над Каменар.
„Станбените згради во оваа област не се загрозени“, рече Ковачиќ.
Пожарот над Каменар во моментов се гаси од воздух со противпожарен авион од типот „Ер Трактор АТ-802“ на МУП на Црна Гора, бидејќи хеликоптерите ВЦГ кои вчера ги гаснеа пожарите во Бока утрово се пренасочени на гаснење на големиот пожар меѓу Сутоморе и Бар.
Големиот пожар кај Бар е ставен под контрола, пренесуваат тамошните медиуми.
„Нашите екипи се се уште на терен и ги држат под контрола граничните рабови на пожарот. Куќите се безбедни, луѓето се безбедни, нема материјална штета на објектите. Пожарникар и граѓанин се полесно повредени, нивната состојба е стабилна“, изјавил Вулетиќ.
Сообраќајот од Шушње кон Сутоморе е повторно воспоставен, јавува РТЦГ и потсетува дека во средата поголем пожар ја зафати областа над Црвена Плажа меѓу Бар и Сутоморе.
Во гаснењето на пожарот биле вклучени хеликоптери на Армијата на Црна Гора.
Вулевиќ за Бар инфо изјавил дека ситуацијата околу пожарот е „малку порелаксирана“.
„Благодарение на брзата акција и солидарноста, во гаснењето на пожарот учествуваа повеќе од 100 пожарникари со 47 возила. Утрово ситуацијата е многу подобра од синоќа, пожарот е ставен под контрола освен во делот кој бара интервенција и гаснење од воздух“, изјавил Вулевиќ.