Свет
Даравелски не злоупотребил пари
Драган Даравелски, бившиот директор на македонската царина, не е обвинет ниту за шверц, ниту за организиран криминал, ниту за проневера, изјави Кочо Топузовски, еден од четворицата негови адвокати, во емисијата „Центар“ на кумановската телевизија Нова.
ТОПУЗОВСКИ
Драган Даравелски, бившиот директор на македонската царина, не е обвинет ниту за шверц, ниту за организиран криминал, ниту за проневера, изјави Кочо Топузовски, еден од четворицата негови адвокати, во емисијата „Центар“ на кумановската телевизија Нова.
– Даравелски не беше поканет уредно на судското рочиште, но доколку судот го покани, тој сигурно ќе дојде на следното рочиште – рече Топузовски.
Во повеќе града во земјава се собираат потписи за отфрлање на обвинението против Даравелски.
Обвинителниот акт, според адвокатот, го товари Даравелски дека додека бил директор на царинската управа биле набавени возила за нејзината употреба, дека за време на кризата Царината ги помагала резервниот состав, полицијата и Армијата, кои учествувале во одбраната на земјава, а им давала помош и на раселените лица сместени во колективните центри. За грев на Даравелски му се зема што склучувал договори преку младинската задруга „Леон“ од Куманово, а се товари и за спонзорства и донации. За возилата набавени без тендер, Топузовски тврди дека според тогашниот закон не морало возилата да се набавуваат со јавен тендер доколку биле од ексклузивен застапник.
Адвокатот изјави дека бројките за висината на парите за помош во одбраната и за спонзорства биле фабрикувани.
М. М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.