Свет
Десетина директори од НБМ сменети од функциите
Стартуваа најавените директорски смени во Народна банка на Македонија. Како што дознаваме неофицијално, гувернерот Петар Гошев веќе одлучил кои ќе бидат идни први луѓе на клучните дирекции во централната банка, откако ги разгледал нивните програми за овие престижни функции.
Почнаа најавените директорски проветрувања во централната банка
Стартуваа најавените директорски смени во Народна банка на Македонија. Како што дознаваме неофицијално, гувернерот Петар Гошев веќе одлучил кои ќе бидат идни први луѓе на клучните дирекции во централната банка, откако ги разгледал нивните програми за овие престижни функции. Дел од старите директори ќе мора да ги напуштат директорските фотелји, а дел ќе ги задржат досегашните позиции. Сепак, ниту оние што останаа на директорските места, ниту новите директори, нема да имаат гаранција оти функциите им се зацементирани, бидејќи по две години ќе има нов реизбор, што значи повторно распишување конкурс на кој ќе можат да се пријават сите што ги исполнуваат потребните услови и што имаат идеја како уште подобро да ја водат соодветната дирекција.
Она што е сигурно дека без раководни функции остануваат десет директори во НБМ, бидејќи пет дирекции се укинуваат, така што од 17, остануваат 12 дирекции. Од оние 12 дирекции што остануваат, пак, петмина се сменети и на нивно место се назначуваат нови имиња, а седум ги задржуваат позициите.
Игор Давков, кого јавноста го памети како привремен управник од НБМ во Експорт-импорт банка, е новиот директор на Дирекцијата за супервизија во централната банка, на местото на досегашниот Илија Граорковски. Весна Контратенко ќе биде фронтмен на Дирекцијата за централно-банкарски и девизни операции, која е направена преку спојување на дирекциите на Зора Буклевска и Владо Ристиќ, кои исто така ги губат функциите. Како директор за правни работи ќе биде задолжен Јанче Лековски, на местото на досегашната директорка Снежана Бундалевска. Драган Смиљановски, пак, ќе ја преземе раководната палка во трезорот, од досегашниот прв човек Добри Мицковски, кој ќе биде сменет од таа функција. Ново кадровско решение ќе има и во Дирекцијата за ревизија, каде што сега се наоѓа Нада Андреева. Таму конкурс распишал Советот на НБМ кој е во тек, но сигурно е дека ќе биде избран нов човек. Од функцијата си заминува и Царка Накова, бидејќи се укинува нејзината Дирекција за девизна документација, како и Благоја Томовски, кој беше директор на Дирекцијата за обезбедување и одржување, што сега е присоединет кон друга дирекција.
Се укинува и Дирекцијата за издавачка дејност, чиј директор беше Вилма Трајковска, сопруга на починатиот претседател Борис Трајковски. Наши извори велат дека меѓу неа и гувернерот е договорено оти веќе нема потреба од таа дирекција. Трајковска ќе биде советник во НБМ за прашања кои се поврзани со нејзиниот делокруг на работа, и според упатени во НБМ, нема да биде оштетена на ниту еден начин.
Милица Арнаудова останува да ја раководи Дирекцијата за банкарска регулатива, а функцијата директор на Дирекција за истражување ја задржува и Анета Крстевска. Лихнида Сајкова-Џуклевска останува директор на Дирекција за информатичка технологија, а местото го задржува и досегашната директорка за технички работи, Славјанка Стојановска. Весна Филиповска останува прв човек на Дирекцијата за сметководство, исто како и Дане Крстевски кој продолжува да биде директор на Дирекцијата за платни системи. Местото го задржува и Ѓорги Гоцков, како директор на Дирекцијата за статистика.
Оние што ги напуштаат директорските фотелји, велат во НБМ, ќе добијат нови работни задачи соодветно на нивните стручност и искуство. Никој не најавил дека си заминува од НБМ.
(ННФ.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Полска истражува наводна руска шпионажа
Полската агенција за внатрешна безбедност изврши претреси како дел од истрагата со други европски безбедносни служби за наводна руска шпионажа, беше соопштено денеска.
Полска, западниот воен центар за снабдување на Украина, која се бори против руската инвазија, вели дека станала главна цел на руските шпиони. Ја обвинува Москва и нејзиниот сојузник Белорусија дека се обидуваат да ја дестабилизираат.
„Документирани се акции насочени кон организирање проруски иницијативи и медиумски кампањи во земјите на ЕУ“, се вели во соопштението, повикувајќи се на интернет порталот voice-of-europe.eu, за кој велат дека објавил проруски материјали.
Претресите беа извршени во вторникот во Варшава и Тихи во западна Полска, се вели без дополнителни детали.
Операцијата била координирана со други земји, особено со партнери од Чешка, се наведува.
Во средата, чешката влада санкционираше две лица, меѓу кои и прорускиот украински политичар Виктор Медведчук и интернет порталот voiceofeurope.com, за, како што рече, водење на операција за проруско влијание во Европа.
Последните дејствија произлегоа од истрагата завршена во јануари оваа година, во која полски државјанин беше обвинет под сомнение дека шпионирал за руските специјални служби.
Свет
Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин денеска им нареди на полициските началници да распоредат сили за ред пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден.
Во СМС порака до полициските началници, Дарманин напиша дека „многу високото“ ниво на терористичка закана и „продолжувањето на тензиите“ на меѓународната сцена, особено со војната во Газа и нападот во Москва, „бара исклучителна будност“. за време на велигденските празници овој викенд.
Тој, исто така, додаде дека е неопходно да се воспостави „визуелна контрола на луѓето кои влегуваат во верските објекти за да се откријат сомнителни лица“ и дека „посебно внимание треба да се посвети на „возилата стационирани во близина на големите собири“.
Дарманин дал инструкции за „зголемено физичко присуство на полицијата пред секоја црква или еврејски храм“ од петок до крајот на неделата.
Од почетокот на годината во Франција спречени се два напади. Националното обвинителство за тероризам објави дека еден од тие напади вклучува „џихадистичка идеологија“ насочена против католичка институција.
Велигден, со кој се слави Христовото воскресение, е најголемиот христијански празник. Католиците и протестантите го слават овој викенд, а православните верници на 5 мај.
Регион
„Во семејството не смее да постои ниту една тајна, верувам дека детето е со некого и дека не е надвор“: Јуриќ за случајот со исчезнатата Данка
Основачот на Центарот за исчезнати и малтретирани деца, Игор Јуриќ, учествувајќи во емисија во живо, кажа нови детали од истрагата за случајот со исчезнатата Данка Илиќ објаснувајќи зошто потрагата на терен била прекината по 27 часа.
„Не, тоа апсолутно не значи дека некои работи се откриени, напротив, значи само дека нема потреба да се троши работна сила и да се насочува енергија кон тој дел од теренот, кој е целосно и темелно прегледан. Штом немаме дополнителни информации, истрагата продолжува, сега истрагата тргна во друга насока и се вршат некои оперативни дејства поврзани со сознанијата за самото девојче“, изјави Јуриќ.
Тој вели дека во случаите на исчезнување на детето родителите мора да споделат сè со полицијата, дури и најинтимните семејни тајни, кои може да бидат важни во тие моменти.
„Кога зборуваме за овие ситуации, кога детето ќе исчезне, едноставно, не смее да има никакви тајни во семејните односи, напротив, треба целосно да ѝ помогнете на полицијата. Ако имате каква било ситуација што може да доведе до несакан настан, во случајот исчезнување мало девојче, мора да кажете сè што знаете“.
Основачот на Центарот за исчезнати и малтретирани деца вели дека во деновите кога не знаеле каде е ќерка му Тијана Јуриќ посакувал некој да излезе и да побара откуп.
„Навистина верувам и го чекам соопштението на полицијата за да видам кое е конечното решение за оваа драма, но, дефинитивно, бев среќен што детето не беше пронајдено на тој простор, особено таа прва вечер бидејќи тешко дека детето може да преживеало таму во тие услови. Кога исчезна Тијана, се надевавме дека некој ќе ни побара откуп и дека е жртва на киднапирање, некако сега се надевам дека има шанси детето поради некоја причина да е со некои луѓе и да е уште живо. Таа надеж постои во нашите глави, но од нашето искуство мораме да бидеме подготвени за најлошите вести.
Според него, добро е што е пребарана областа и последната надеж е дека некој е вмешан и дека детето е скриено поради некоја причина.
„Сега очекувам дека оперативците на МУП ќе завршат добра работа и дека, конечно, ќе ја дознаеме вистинската вистина.
Игор Јуриќ зборуваше и за активирање на системот „Најди ме“.
„Системот го активираат началниците на полициските одделенија, во случајот тоа беше полициското одделение каде што детето исчезна. Кога ќе се процени дека детето е во опасност, системот се активира. Она што беше специфично во овој случај е дека детето е екстремно мало, самите околности беа многу чудни и полицијата бргу реагира и поради возраста на детето, темелно го пребара теренот.
„Полицијата се погрижила да не го загрози дополнително животот на детето и да ги истражи сите околности, детето да не биде жртва на киднапирање, да не се бара откуп и слично, затоа системот бил активиран околу 7 часот“, објаснува тој.