Свет
Британците со 100 милиони долари против авганистанските дроги
Британската влада ќе му додели 100 милиони долари на Авганистан, со цел да помогне во борбата против трговијата со дрога во таа земја, јавуваат британските медиуми.
Британската влада ќе му додели 100 милиони долари на Авганистан, со цел да помогне во борбата против трговијата со дрога во таа земја, јавуваат британските медиуми. Ова било договорено на разговорите во Кабул меѓу авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и британскиот министер за надворешни работи Џек Строу. Велика Британија се наоѓа на чело на меѓународните заложби за ограничување на производството на дрога во Авганистан, што драстично се зголеми по падот на режимот на Талибанците пред три години. Околу 90 отсто од хероинот што влегува во Велика Британија и останатиот дел на Европа, по потекло е од полињата со афион во Авганистан. /крај/фк/ст/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.