Свет
Грците со финти сакаат да влезат во трката за ЕСМ
Грција, преку влијателни лоби-групи во Скопје, се обидува да создаде терен за нејзиното електростопанство ППС, рамноправно да влезе во трката за купување на управувачкиот пакет акции на „Електростопанство на Македонија“, дознава „Време“ од високи владини извори.
Грција, преку влијателни лоби-групи во Скопје, се обидува да создаде терен за нејзиното електростопанство ППС, рамноправно да влезе во трката за купување на управувачкиот пакет акции на „Електростопанство на Македонија“, дознава „Време“ од високи владини извори.
Грчките деловни кругови вршеле притисок македонската влада да ги омекне критериумите што ќе се бараат од потенцијалните инвеститори, на претквалификацискиот тендер за купување на ЕСМ, чие објавување е најавено за втората половина на мај. Неофицијално, најмногу се ургирало за промена на два од повеќето услови што се очекува да излезат на јавниот повик: компанијата што ќе конкурира да доаѓа од земја каде што практично функционира либерализираниот пазар на електрична енергија и да има висок кредитен рејтинг.
Упатените во енергетскиот бизнис тврдат дека ППС може да се квалификува рамноправно за купување на 51 отсто од акциите на ЕСМ, само ако на тендерот не се бараат критериуми што Грците не ги исполнуваат. Според нашите извори пазарот на електрична енергија кај соседите е либерализиран, но само на хартија, бидејќи се уште не профункционирал практично. Кредитниот рејтинг на компанијата, пак, како што велат, не бил на ниво што би можел да се купи компанија како ЕСМ.
– Ако сакаат да конкурираат, Грците ќе мора да најдат силен финансиски партнер, па преку создавање конзорциум да влезат во потесниот избор. Сами, едноставно ќе паднат во првиот круг – велат нашите извори.
Вклучените во процесот на приватизација се надеваат дека Владата нема да попушти под притисоците на Грција, бидејќи ако се сменат двата критериуми целосно ќе биде загрозен процесот на приватизација. Упатените велат дека тоа ќе им ја отвори вратата на фирми со сомнителен бонитет, што реално немаат шанси да го добијат тендерот, рамо до рамо да се борат со европските и американските гиганти кои веќе отворено покажаа интерес за ЕСМ. Во тој случај, кога силните електро-енергетски компании ќе видат кои фирми им се конкуренција, може да се откажат од трката, затоа што веднаш би се посомневале дека станува збор за инвестирање на несигурен терен.
Според грчките медиуми, ППС моментно е под лупата на Европската комисија. Таму меѓународни ревизори последниве четири месеци го проверувале финансиското работење на компанијата бидејќи прикажувала сомнителни финансиски извештаи. Неофицијално, Грците биле презадолжени, а ги очекувале и пенали поради непочитување на европските директиви.
Како што дознаваме, кај Владата на Владо Бучковски најсилен притисок за промена на критериумите вршела лоби-групата на Никос Ставридис, близок пријател на грчкиот бизнисмен и сопственик на „Космотелко“ Кондоминас. Од страна на ППС, пак, името на техничкиот директор Папаконстантину, кој најдобро ги знаел можностите на компанијата, се споменува како иницијатор на идејата за промена на тврдосрочените претквалификациски критериуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Песков: Русија работи на постигнување мир во Украина, а не на примирје
Русија работи на постигнување мир во Украина, а не на примирје, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прес-конференција, коментирајќи ги изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за подготвеноста на Киев за „енергетско примирје“.
„Одржливиот, загарантиран, долгорочен мир, постигнат со потпишување на релевантните документи, е апсолутен приоритет“, рече Песков, пренесува Спутник.
Кремљ ќе следи како ќе се развива ситуацијата по објавата на Зеленски за неговата подготвеност да одржи претседателски избори, рече Песков и нагласи дека неговата изјава за неговата подготвеност да одржи претседателски избори е „сосема нова“, додека рускиот претседател Владимир Путин долго време зборуваше за потребата од тоа.
Фото: депозитфотос
Свет
Канцеларијата на ОН за човекови права едвај преживува поради недостаток на донации
Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Турк, изјави дека неговата канцеларија „едвај преживува“ поради големото намалување на финансирањето од глобалните донатори, додека кршењата на правата и потребите во областите погодени од војната се зголемуваат.
„Нашите ресурси се намалени, заедно со финансирањето за организациите за човекови права – вклучително и оние на локално ниво – низ целиот свет. Едвај преживуваме“, изјави Турк за новинарите.
„ОХЦХР има 90 милиони долари помалку за своите потреби оваа година, што резултираше со отпуштања на 300 вработени, што директно влијае на работата на канцеларијата“, рече Турк.
„Суштинската работа мораше да се намали, вклучително и во Колумбија, Демократска Република Конго, Мјанмар, Тунис и други земји во време кога потребите растат“, додаде тој.
Тој рече дека посетите на земјите од страна на специјалните известувачи на ОН, кои се независни експерти, се намалени, како и мисиите за утврдување факти од страна на телата за утврдување факти, додека дијалозите со државите за нивното почитување на договорите за човекови права на ОН мораа да се одложат.
„Сето ова има широк ефект врз меѓународните и националните напори за заштита на човековите права“, рече Турк.
САД, убедливо најголемиот донатор на ОН, се повлекоа од ОХЦХР оваа година под администрацијата на Доналд Трамп.
фото/депозитфотос
Свет
Украински генерал: Обновивме делови од Покровск
Украина, според сопствените тврдења, обнови делови од градот Покровск. Според врховниот командант Олександр Сирски, украинските трупи сè уште се борат против масовни руски напади.
Одбраната на Покровск продолжува, рече Сирски.
Од средината на ноември украинските трупи вратија речиси 13 од вкупно 29 квадратни километри од градот. Според „Киев индепендент“, украинските сили наводно дополнително го зајакнуваат своето присуство во регионот.
Сирски потврди дека украинските единици морале да се повлечат од позиција од пет до седум километри надвор од Покровск, каде што руските трупи почнале силно да напредуваат. Одбраната на тие позиции повеќе не била ефикасна, рече тој. Во последните денови и недели беше објавено дека градот е претежно опкружен со руски трупи, кои наводно контролираат 95 проценти од градот.
Во исто време, Сирски тврди дека соседниот град Мирноград не е опколен од руските сили, иако логистичкото снабдување е сè потешко. Сепак, функционер на НАТО процени поинаку, според извештајот на „Украинска правда“, во кој се тврди дека градот е опколен од руски војници.
Фото: депозитфотос

