Контакт

Свет

Чиста сум, не чувствувам никаква одговорност!

Објавено пред

Владата на завчерашната седница ја разреши јавната правобранителка Зоја Лега-Станојевска со образложение дека не ја извршувала добро својата функција и оти институцијата што ја раководела била замешана во големи корупциски скандали.

dobivaj vesti na viber

ИНТЕРВЈУ: ЗОЈА-ЛЕГА-СТАНОЈЕВСКА, ЈАВНА ПРАВОБРАНИТЕЛКА Мери Јордановска

Владата на завчерашната седница ја разреши јавната правобранителка Зоја Лега-Станојевска со образложение дека не ја извршувала добро својата функција и оти институцијата што ја раководела била замешана во големи корупциски скандали. Јавната правобранителка вели дека за разрешувањето дознала од медиумите, дека не чувствува никаква одговорност за шпекулациите и дека и било чест што работела во правобранителството. Таа зборува и за големите скандали што ја потресоа државава во последниве месеци и за реформите што треба да се спроведат за правобранителството да стане независна наместо владина институција.

Госпоѓо Лега-Станојевска, претпоставувавте ли дека со сменувањето на власта ќе бидете разрешена од функцијата?

– За наводното разрешување дознав вчера од медиумите. Не сум добила никакво решение, ниту пак известување за такво нешто. Додека не го добијам, останувам да ја вршам функцијата на која сум поставена. Слушав шпекулации за наводно разрешување, но сето тоа е непотврдено.

Жалите ли што по повеќе од 20 години работа како судија преминавте да работите во владина институција? Имавте ли притисоци од власта и граѓаните за решавање одредени предмети во нечија корист?

– Чест ми е што сум на чело на оваа институција, воопшто не жалам што бев на чело на правобранителството и знам дека работев во согласност со законите. Во мојот мандат не дојде никој за да ми каже како да постапам по одреден предмет. Имавме притисоци од граѓаните да не поднесуваме жалби по предмети за денационализација затоа што во еден период со денационализацијата почнаа да се враќаат плоштади, дворови од училишта и од медицински центри.

Министерството за финансии ве обвини дека не сте ги искористиле сите правни лекови за да го заштитите имотот на државата, па од касата се одлеале 11 милиони евра за обесштетување граѓани и фирми преку присилна наплата од судските извршители. Чувствувате ли одговорност за овие државни пари?

– Со стапувањето во сила на Законот за извршување, нели, намерата ни беше да дојде до побрзо извршување на правосилните пресуди, да не се штитат должниците туку да се привилегираат доверителите и да си ги наплатат побарувањата. А сега се прават проблеми затоа што извршувањето било брзо и итно. Кај судските извршители нема пардон, тие се приватници и ќе си го наплатат она што ќе го извршат. Тоа е причината што во последниов период дојде до масовно извршување на правосилните пресуди. Претпоставувам дека тие пресуди се многу стари, па сега нормално дека ќе се блокира буџетот. Но затоа постои ребаланс и со него ќе се предвидат пари. Секое неплаќање долг од државен орган по која било основа значи последица – плаќање. Ако не се плати доброволно, си има присилна наплата. Тоа еднаш мораше да се случи.

За какви предмети се однесуваат исплатените пари од државната каса?

– Станува збор за неоправдано осудени или лица лишени од слобода. Кој плаќа за тоа – државата. Бензин трошиме, а не плаќаме, не се плаќаат ниту јавните набавки ниту пак долговите за вода. Луѓето, нормално, за тоа си бараат пари, камата и судски трошоци од државата. Потоа имаме незаконски престанок на работен однос. Ќе избркаат некого од работа, судот ќе утврди незаконитост и ќе го врати на работа. За тој период додека не работел тој има право на плата и на придонеси за пензиско и здравствено осигурување, како и за неискористен годишен одмор. Кој го плаќа тоа?

Органот што го донел решението за престанок на работен однос. Прашувам дали сега правобранителството може да ја санира таа штета? Јас можам да му кажам на министерот „немој да даваш откази“, како што му кажав на министерот за образование Азиз Положани. Но не е во моја надлежност да давам совети затоа што за тоа си има правни служби.

Сепак, можете ли да влијаете на извршувањето на судските одлуки?

– Имам мала забелешка на Законот за извршување оти според тој закон ние немаме право на приговор на извршувањето. Инсистиравме извршителите барем да не известуваат дека има предмет за извршување за да можеме да се обратиме до органот и да му речеме: „министре, плати си оти потоа ќе треба да му ги платиме трошоците на извршителот“. Ние и сега им велиме дајте ни ги предметите за да не чекаме присилна наплата. Од друга страна пак извршителите си бараат пари. Согласно со законот Јавното правобранителство има право да бара извршување на судските пресуди до извршителите, а немаме ставка за таа намена. Од каде пари да ги платиме извршителите?

Преку налог на судски извршител многу лесно минатиот месец беа испумпани 800.000 евра од државниот буџет од судски спор кој со физичко лице државата го водела последниве 11 години. Сметате ли дека правобранителството реагираше доцна во случајот „Караорман“?

– „Караорман“ е предмет што не беше во надлежност на правобранителство. Агенцијата за приватизација се застапувала сама, преку полномошник-адвокат. Првпат јавното правобранителство имаше контакт со овој предмет кога Апелацискиот суд на 14 март годинава ни ја достави правосилната пресуда со која беше преправена првостепената одбивателна пресуда. По жалба на странката, се усвои барањето на „Караорман“ државата да му врати парите што тој ги платил на име купопродажна цена. Претходно, пак, утврдено е дека тој објект не бил на државата, туку на општината Струга, и има правосилна пресуда врз основа на признание во која тоа е утврдено. Тоа било основата тужителот да бара поништување на договорот за продажба и со тоа враќање на вложените пари.

Првостепениот суд го одбил барањето, а по жалба пресудата е преправена. Ние немаме сознанија за таа постапка, а немаме ни овластување затоа што не ја застапуваме Агенцијата. Со донесување на законот за извршување доаѓа до извршување на пресудата, а јавното правобранителство ја добива оваа правосилна пресуда откако доаѓа за наплата преку Министерството за економија кое е едно од правните следбеници на Агенцијата. Правобранителство го зема предметот и врз основа на пресудата веднаш поднесува барање за ревизија во благовремен рок. Тој предмет е во постапка. Значи, сите информации дека правобранителството не презело мерки за да го заштити имотот на државата се шпекулации.

Името на заменик-јавниот правобранител Миодраг Стевановиќ се споменуваше во повеќе спорни предмети за кои Државната комисија за спречување на корупцијата посочи дека не биле исцрпени сите правни лекови за да се заштити имотот на државата?

– Стевановиќ беше разрешен од функцијата. Причините не ги знам. Во правобранителството преземаме акции, работиме, но можеби тоа не е толку транспарентно како што работи Државната комисија за спречување на корупцијата. Правобранителството не го употребува терминот „организиран криминал“ толку лесно. За да го кажеш, треба да имаш цврсти докази.

Се сметате ли за одговорни за случајот „УПА Ентерпрајс“?

– Јавното правобранителство било учесник само во постапките како застапник на Министерството за транспорт и врски во парничната постапка. По добиените сознанија за пресудата од Врховниот суд од 2002 година во управна постапка во која не учествуваше правобранителството направен е увид и утврдено е дека тој доказ дотогаш не бил изнесен. Потоа, поднесен е предлог за повторување на постапката.

Како може да не сте знаеле за доказот, односно за пресудата на Врховниот суд?

– Станува збор за затајување комуникација меѓу институциите. А во законот за правобранителство, од друга страна органите се должни да даваат податоци и известување за секој предмет или сознание што го имаат.

Некогаш е добро да не се поднесе жалба

Јавноста почна со прст да покажува кон правобранителството откако се отвори случајот „Бачило“ и исплатата на 727.000 евра. Најпрво тврдевте дека во тој случај сте направиле се за да го заштитите државниот имот, а потоа побаравте повторување на постапката. Зошто?

– Новите докази што беа доставени до правобранителството беа основа да бараме повторување на постапката и таа е во тек. Институтот „повторување постапка“ како вонреден правен лек постои уште од времето на формирањето на судовите. Тој не е за џабе. Секоја странка кога ќе дознае за некој нов момент а е во негова корист, нормално е дека тоа ќе го искористи. Сепак, не секогаш неподнесување тужба или жалба е незаконско постапување. Баш напротив. Неподнесување тужба или жалба некогаш е баш законско постапување за да се намалат трошоците, каматите, времето и угледот на странките.

Нема основа да поднесуваме тужба за „Фершпед“

Ве поврзуваат со Штерјо Наков, а во јавноста се коментира дека не го отворате прашањето за спорната приватизација на „Фершпед“ токму од тие причини.

– Под моето лично и професионално достоинство ми е да ги коментирам наводите за мојата наводна поврзаност со влашкото лоби. Што се однесува до приватизацијата на „Фершпед“, сметаме дека со овие докази нема основа за да се поднесе тужба.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Во Индија почнаа изборите, кои ќе траат шест недели, а ќе гласаат речиси 970 милиони

Објавено пред

Денеска, почнаа најобемните избори во светот, а речиси 970 милиони регистрирани гласачи во Индија учествуваат во овој огромен процес, кој ќе се одвива во седум фази и ќе трае дури шест недели.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Нарендра Моди се надева дека ќе освои трет последователен мандат во земјата со 1,4 милијарда жители. Гласачите, всушност, не го избираат директно премиерот, туку 543-те пратеници на Лок Сабха, долниот дом на парламентот на најнаселената земја во светот, објави „Дојче веле“.

На натпреварот учествуваат шест национални партии, 57 партии од индиските сојузни држави и 2.597 помали партии. Сепак, главната трка ќе биде меѓу двете најголеми политички партии во Индија: владејачката Индиска народна партија (БЈП) и опозицискиот Индиски национален конгрес (ИНЦ) или скратено Конгресната партија.

За да се спротивстави на владејачката БЈП и премиерот Моди, Конгресната партија формира сојуз од 28 партии, наречен Индиски национален развој – инклузивен сојуз.

Според анкетите, премиерот Моди и неговата хинду-националистичка БЈП се очекува да победат на изборите оваа година.

Моди е популарен лидер, делумно благодарение на агендата насочена кон хинду-мнозинството во Индија, кое сочинува 80 отсто од населението.

Прикажи повеќе...

Свет

Русија повика на воздржаност помеѓу Израел и Иран

Објавено пред

Русија повика на воздржаност по информациите за напад на Израел врз Иран.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави денеска за новинарите дека Русија ги проучува деталите за нападот и дека ќе го коментира кога ќе се разјасни неговата природа.

„Во секој случај, без разлика на сѐ, продолжуваме да се залагаме за воздржаност од двете страни за да нема дејства што би предизвикале натамошна ескалација на тензиите во регионот“, рече Песков.

Русија и Иран имаат блиско партнерство. За време на инвазијата на Украина, Москва користи беспилотни летала „Шахед“ од иранско производство.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Туристи малтретирале мечиња за селфи, па ги фатила полиција во Северна Каролина

Објавено пред

Во станбен комплекс во округот Бункомб, Северна Каролина, шест лица се снимени како влечат мали мечиња од гранките на дрвото за кои се држеле, а сè со цел да позираат за фотографија. Шестемина ги тегнеле двете мечиња, а едното дури им испаднало од рацете во текот на снимањето.

dobivaj vesti na viber

Кога снимките од инцидентот стигнале до експертите што се занимаваат со заштита на дивите животни, тие веднаш излегле на терен и повикале полиција. Меѓу нив бил и биологот Ешли Хобс, која за „Еј-би-си 13 њуз“ рекла дека кога пристигнала до дрвото каде што луѓето се фотографирале, пронашла само едно мече. Целото било влажно и смрзнато, па било дадено на човечка грижа и нега за да закрепне. Поради тоа, сосема е можно никогаш да не може да се вратат во дивината бидејќи мечките што растат со луѓе потоа не сакаат да ги напуштат. Неверојатно, но можно е некој да ѝ го уништил животот на мечката само за да добие убава фотографија за социјалните мрежи.

„Мечето преживеа големо трауматско искуство. На луѓето што го направија тоа им објаснивме колку е неодговорно и потенцијално смртоносно за мечето да се одвои од мајка си, а особено на овој начин да го влечат од дрвото“, рекла Хобс, пренесува „Унилад“.

По објавувањето на видеото, многумина се згрозиле од она што го направиле овие луѓе. За сето тоа морало да разговараат и со полицијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија5 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија7 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет7 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет8 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија8 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија8 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет8 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет9 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет9 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија18 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија18 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија18 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија20 часа

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...

Македонија24 часа

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија1 ден

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија1 ден

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија1 ден

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија1 ден

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет1 ден

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...