Свет
Досијеата се уништувале, трагите останале
Голем дел досиеја на македонските кодоши на поранешните ОЗНА, УДБ-а и КОС се уништени и запалени, но основните документи што можат да ја обелоденат тајната структура на политичари, бизнисмени, судии и новинари се зачувани, тврдат високи полициски извори.
ЌЕ СЕ ОБЕЛОДЕНАТ ЛИ МАКЕДОНСКИТЕ КОДОШИ?
Голем дел досиеја на македонските кодоши на поранешните ОЗНА, УДБ-а и КОС се уништени и запалени, но основните документи што можат да ја обелоденат тајната структура на политичари, бизнисмени, судии и новинари се зачувани, тврдат високи полициски извори.
Според изворите, во последниве десетина години преку партиски структури во МВР биле бришени голем дел од имињата, но во тајните архиви се уште се зачувани главните податоци за соработниците на тајните служби.
Меѓу соработниците има имиња на поранешни и актуелни политичари, новинари, сегашни бизнисмени, а поранешни надворешнотрговски претставници во странство, како и имиња на судии и на други функционери и вработени во државната администрација.
Во јавноста веќе подолго време се врти идејата за обелоденување на имињата на соработниците на тајните полициски и разузнавачки служби. Истата идеја неодамна ја промовираше и пратеникот Стојан Андов. Тој најави дека ќе поднесе и иницијатива за формирање комисија на вистината, која ќе има задача да ги отвори тајните досиеја на македонските кодоши, кои според него, се уште функционираат исто како и во времето на поранешниот комунистички систем. Андов во интервју за неделникот „Фокус“ дури и обвини дека зад тие структури стои лично претседателот Бранко Црвенковски и дека тие се најголема причина за криминалот и корупцијата во земјата.
Од кабинетот на Црвенковски изјавија дека „немаат намера да коментираат апсурдни невистини, шпекулации и бесмислици“.
Претставници од политичките партии, пак, најавија дека ќе ја поддржат идејата за обелоденување на соработниците на тајните служби, но засега ниту една партија официјално не расправала за тоа.
Летото 2000 година владата на тогашниот премиер Љубчо Георгиевски донесе, а Собранието го изгласа Законот за постапување со досиеја за лица водени од службата за државна безбедност.
Законот беше во сила само една година, а на граѓаните им овозможуваше увид во личните досија што за нив ги правеле тајните служби. Законот не дозволуваше при увидот да се видат имињата на кодошите врз основа на чии информации биле правени досиејата и при дозволен увид истите биле пречкртувани со мастило. Во членот 4 од тој Закон се предвидуваше и уништување на личните досиеја, микрофилмуваниот материјал и електронски обработените податоци од досиејата само ако така оценеше тогашната комисија за контрола на законитоста за преземените активности во постапката со личните досиеја.
Е. З.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Дмитриј Песков: Москва се придржува до идејата на Путин за создавање тампон зона во Украина
Москва се придржува до идејата на рускиот претседател Владимир Путин за создавање тампон зона во Украина за заштита од оружје со долг дострел, изјави на прес-конференција портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Што се однесува до тоа, ништо не е променето“, рече тој одговарајќи на новинарско прашање, пренесе ТАСС.
Портпаролот на Кремљ додаде дека прашањето за борбата против оружјето со долг дострел доставено до Украина и потенцијалните напади врз областите во кои тие се концентрирани е „прилично во надлежност на вооружените сили“.
Свет
Евакуација на две села во Русија поради поплави, стабилнo во Удмуртија
Во областа Абат во руската област Тјумен во тек е евакуација на жителите на две села поради поплави, ситуацијата во Удмуртија се стабилизира, а водостоите на реките во тој руски регион се намалуваат, соопштија официјални лица.
Жителите на селата Назарово и Јурга во областа Тјумен се евакуираат со бродови, пренесе „Интерфакс“.
Официјални лица соопштија дека нивото на водата во реката Лоза во руската Удмуртска Република, која поплави 120 станбени области во регионалниот центар Игра, се намали речиси 120 сантиметри.
Свет
Авион со 200 луѓе слета во Јапонија, по слетувањето, почна да чади
Јапонскиот државен радиодифузен сервис NHK објави дека се издигнал чад од авионот на All Nippon Airways, кој денеска слета на аеродромот „Шин Читозе“ во Јапонија.
Летот 71 полета од аеродромот „Ханеда“ во Токио со 200 луѓе. Нема извештаи за повредени.
NHK јавува дека чадот, кој се гледал од пределот на крилата по слетувањето, исчезнал кога моторот престанал да работи. Причината за чадот може да биде истекување нафта, според NHK. Индикаторот во пилотската кабина покажа губење на притисокот на маслото во системот што го контролира авионот.
Една од двете писти на аеродромот „Читосе“ беше затворена по инцидентот.
Во јануари, авион на „Јапонија ерлајнс“ и авион на крајбрежната стража се судрија на аеродромот „Ханеда“ и се запалија. Сите 379 патници и членови на екипажот на JAL се евакуирани, но загинаа пет члена од авионот на крајбрежната стража.