Свет
Разоткривањето на кодошите е приоритет на Владата
Владата целосно ќе го поддржи предлогот на пратеникот Стојан Андов за обелоденување на имињата на соработниците на тајните служби, тврдат високи владини извори. Според нив, иако за оваа идеја официјално не се разговарало ниту внатре во партиите, ниту на ниво на Влада, Груевски неформално дал согласност.
СПОРЕД ВЛАДИНИ ИЗВОРИ
Владата целосно ќе го поддржи предлогот на пратеникот Стојан Андов за обелоденување на имињата на соработниците на тајните служби, тврдат високи владини извори. Според нив, иако за оваа идеја официјално не се разговарало ниту внатре во партиите, ниту на ниво на Влада, Груевски неформално дал согласност. Изворите тврдат дека идејата била прифатена како приоритетна и дека многу скоро ќе била ставена во законски рамки.
Тие велат дека прво ќе се почека да се смири актуелната политичка состојба, Собранието да почнело нормално да функционира, а потоа ќе бил донесен и закон за обелоденување на списоците.
Пратеникот Андов тврди дека Македонија нема да тргне напред без закон за обелоденување на имињата на соработниците на тајните служби.
– Ние останавме единствената посткомунистичка држава каде што не е решено ова прашање. Сите земји што го регулираа овој проблем многу успешно тргнаа напред кон меѓународна интеграција. Структурите на тајните служби се уште функционираат. Тие се главните кочничари на развојот на земјата. Тие се главна причина за бавното спроведување на реформите, за криминалот и корупцијата. Инфилтрирани се буквално во сите општествени сфери, а раководени се од невидлив центар со меѓурегионални врски – вели Андов.
Според него, законот ќе предвидувал и кривична одговорност.
– Кога ќе се обелоденат списоците, ќе се видат имињата на лицата, начинот на кој работеле и се што направиле. Многумина од нив ќе се соочат со кривична одговорност ако се утврди дека, на пример, уништувале или фалсификувале документи, издавале државни тајни и слично. Како и да е, најважно е што тие структури ќе бидат раскринкани и повеќе нема да можат да функционираат на штета на државните интереси – вели тој.
Андов нагласува дека структурите врбувани од тајните служби се причина за двовластие и дека досега успешно ги насочувале општествено-политичките процеси надвор од видокругот на јавноста.
Е. З.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.