Свет
Казината „Југо“ и „Хит“ се продаваат на лондонската берза
Познатото гевгелиско казино „Југо“, сега „Аполонија казино“, понудено е за продажба на официјална лондонска берза за цена од два милиони евра и покрај привремената судска забрана за отуѓување на имотот, дознава „Време“.
И ПОКРАЈ СУДСКАТА ЗАБРАНА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ИМОТОТ
Познатото гевгелиско казино „Југо“, сега „Аполонија казино“, понудено е за продажба на официјална лондонска берза за цена од два милиони евра и покрај привремената судска забрана за отуѓување на имотот, дознава „Време“. Продажбата на казиното е понудена на официјалната веб страна на „Казинос оф Мајфаир“. Во понудата е наведено дека станува збор за лиценцирано казино изградено во 1982 година со површина од 4,100 квадратни метри и дека има 120 соби. Цената што е понудена на веб страната е 2.210.000 евра. На истата веб-страница се продава и уште едно казино од Македонија, за цена од 1,5 милион евра. Според информациите на „Време“, станува збор за казиното „Хит“.
Со одлука на гевгелискиот Основен суд во октомври 2005 година изречена е привремена мерка за забрана за отуѓување на имотот на „Аполонија казино“ и тој е ставен под хипотека. Со мерката треба да се обезбеди паричното побарување на државата Македонија, која е оштетена за 18 милиони евра затаен данок.
Управата на „Аполонија казино“ вчера не беше достапна за коментар.
Случајот со казиното „Југо“ претставува најголемо откриено затајување данок во Македонија.
Затајувањето е откриено во 2003 година по упад на агентите на Управата за безбедност и контраразузнавање во домот на Драган Стошиќ, кој заедно со Швеѓанецот Ларс Клинг е еден од сопствениците на казиното. Во подрумот на Стошиќ тогаш беше пронајдена огромна документација за двојно книжење на приходите на казиното од која потоа Управата за јавни приходи утврди дека од 1996 до 2003 година сопствениците затаиле данок од 18 милиони евра.
Доброупатени извори и помали акционери во казиното тврдат дека цената од 2,2 милиони евра за продажба на имотот на „Аполонија казино“ е смешна. Тие велат дека казиното вреди најмалку 15 милиони евра.
– Казиното остварува чист профит меѓу 8 и 10 милиони евра годишно. Понудената сума е апсурдна. Тоа е само доказ дека сопственикот сака преку продажба на казиното на друга фирма да се ослободи од одговорноста пред обновувањето на постапката за затајувањето на данокот – тврдат изворите.
Неофицијално, сопственикот Ларс Клинг се подготвува казиното да го продаде на фирма во сопственост на неговата ќерка и затоа понудил ниска цена на лондонската берза.
Клинг и Стошиќ во септември 2003 беа уапсени на граничниот премин Богородица при обид да прошверцуваат 160.000 евра, но набргу беа пуштени да се бранат од слобода. Во сомнителна судска постапка на основниот велешки суд прво беше ослободен од обвинението Ларс клинг, а во април годинава од обвинение за затајување данок беше ослободен и Стошиќ.
Судската постапка за затајувањето на 18 милиони евра данок се најде во црниот тефтер за македонското судство што го водеше поранешниот американски амбасадор Лоренс Батлер
Во јули годинава Јавното обвинителство од Гевгелија поднесе жалба до Апелацискиот суд за повторување на постапката против двајцата сопственици на „Аполонија казино“. Одлуката се уште не е донесена, но судски извори тврдат дека преку политички врски се вршеле притисоци жалбата на Обвинителството да биде отфрлена.
При откривање на документацијата за двојното книжење на приходите, агентите на ДБК пронашле и таен тефтер со имиња на високи функционери, политичари, судии и обвинители, како и висината на сумите што казиното секој месец им ги исплаќало за подмитување. Тефтерот се чува во најстрога тајност и се наоѓа во рацете на мал круг на луѓе.
Е.З.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.