Контакт

Свет

"Кермес" не може да биде хотел

Објавено пред

Новиот објект што се гради во Градски парк, на местото на некогашната кафеана "Кермес", не може да биде хотел, иако инвеститорот најави дека ќе биде хотел со четири sвездички.

dobivaj vesti na viber

СОГЛАСНО ГУП ЗА СКОПЈЕ И ДУП ЗА ГРАДСКИ ПАРК

Новиот објект што се гради во Градски парк, на местото на некогашната кафеана "Кермес", не може да биде хотел, иако инвеститорот најави дека ќе биде хотел со четири sвездички.

Според деталниот урбанистички план

Новиот објект што се гради во Градски парк, на местото на некогашната кафеана "Кермес", не може да биде хотел, иако инвеститорот најави дека ќе биде хотел со четири sвездички. Според деталниот урбанистички план за Градски парк и согласно одобрението за градба што е издадено од Министерството за транспорт и врски во мај минатата година, на маркичката каде што порано се наоѓаше кафеаната "Кермес" може да се гради објект чија намена ќе биде угостителство и комерцијална дејност. Општинските власти велат дека, според одобрението за изградба на "Кермес", на подрумскиот кат, приземјето, првиот кат и потпокривот се предвидени повеќе видови ресторани, магацини, помошни простории, административно-деловни простории и сали за состаноци, но не и соби.

"Не станува збор за издадено одобрение за изградба на хотел. Намената на објектот е согласно ДУП: угостителство и комерцијална дејност. Инвеститорот не побарал промена на одобрението за градба, а дури и да побара, одобрението нема да може да се смени без промена на деталниот урабанистички план. Ако инвеститорот го пренамени објектот во хотел без потребните согласности, Општината нема да изврши технички прием", вели Лидија Неделковска, портпарол на Општина Центар.

На деветнаесетти минатиот месец беа осветени темелите на новиот "Кермес" кога присуствуваше градоначалникот Трифун Костовски со семејството. Тој го поседува мнозинскиот пакет-акции во швајцарската фирма "Гофи", која е инвеститор на новиот објект во Градски парк. Синот на градоначалникот Коста Костовски, како официјален претставник на "Гофи", тогаш рече дека новиот "Кермес" ќе биде ексклузивен хотел со четири sвездички и дека целосно ќе биде завршен до 2008 година. (Е.А.)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Туск: Европа е во предвоена состојба, следните две години ќе решат се

Објавено пред

Полскиот премиер Доналд Туск оцени дека ситуацијата во Европа е најлоша од крајот на Втората светска војна и апелираше до Европејците да сфатат дека војната не е концепт од минатото, туку дека живеат во предвоена состојба во која секое сценарио е можно и дека во следните две години се ќе се реши.

dobivaj vesti na viber

„Не сакам никого да исплашам, но војната повеќе не е концепт од минатото. Реално е, почна пред две години. Знам како звучи за луѓето од помладата генерација, но мораме ментално да прифатиме дека доаѓа нова ера. Предвоена ера. Не претерувам“, изјави Туск во интервју за неколку европски медиуми, меѓу кои и полскиот весник „Газета Виборча“.

Тој рече дека шпанскиот премиер Педро Санчез побарал на самитот на Европската унија зборот војна повеќе да не се користи во документите на ЕУ бидејќи луѓето не сакаат да се плашат на тој начин, а во Шпанија тоа им звучи апстрактно.

„Она што предизвикува најголем немир денес е тоа што буквално секое сценарио е можно. Ваква ситуација не сме имале од 1945 година. Јас одговорив дека во мојот дел од Европа војната повеќе не е апстрактна и дека наша обврска не е да разговараме, туку да дејствуваме и да се подготвуваме за одбрана“, рече Туск.

Полскиот премиер во интервју за „Газета Виборча“ апелираше да го отфрли размислувањето „што ако“, бидејќи главната задача на Западот е да ја брани Украина да остане независна држава со територијален интегритет.

„Иднината на Украина е главно во наши раце. Не се работи само за Полска и ЕУ, туку за целиот Запад. Од нас зависи дали Украина ќе успее да ги избегне песимистичките сценарија. Денес ситуацијата е многу потешка отколку пред една година, но многу подобра отколку на почетокот на војната, кога војниците на Путин стоеја на периферијата на Киев“, изјави полскиот премиер, пренесува Бета.

Без разлика кој ќе биде во Белата куќа во следниот мандат, Туск смета дека Европа мора поактивно да ги негува трансатлантските врски и дека е погрешно да се мисли дека е лојална само ако се откаже од воените амбиции или, напротив, дека поради политиката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и антиамериканските чувства во некои европски земји, тие треба целосно да го прекинат сојузот со САД.

„Потребен ни е силен сојуз со САД и во исто време мора да бидеме независни и самодоволни кога станува збор за одбраната. Наша задача е да ги негуваме односите без разлика кој ќе биде претседател на САД. Нема причина Европејците да не го почитуваат основниот принцип и да не издвојуваат најмалку два отсто од БДП за одбрана“, рече Туск.

Полскиот премиер рече дека разбира оти Шпанија или Италија не сакаат да издвојуваат четири отсто од БДП годишно, по примерот на неговата земја.

„Но, два отсто од БДП едноставно мора. Не разбирам како некој може да го оспори тоа. Треба да издвоиме што е можно повеќе за набавка на оружје и муниција за Украина бидејќи живееме во најкритичниот момент од крајот на Втората светска војна. Следните две години ќе одлучат се. Ако Украина биде поразена, никој во Европа нема да може да се чувствува безбеден“, рече Туск.

Полскиот премиер предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин ја обвинува Украина за терористички напад на концертот во Красногорск и дека, како што наведе, тоа го прави без никакви докази.

„Од историјата знаеме дека Путин користи ваков тип на трагедии за свои цели. Се сеќаваме што се случи по нападот на театарот во Дубровка или училиштето во Беслан. Путин веќе почна да ја обвинува Украина иако не покажа никакви докази. Очигледно е дека треба да оправда уште побрутални напади врз цивилни објекти во Украина“, изјави Туск во интервју за европските медиуми.

Прикажи повеќе...

Свет

Зеленски побара помош од Америка: „Руските воздушни напади драстично се зголемуваат“

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му рекол на претседателот на Претставничкиот дом на САД за време на телефонскиот разговор дека е од витално значење Конгресот брзо да одобри нов пакет воена помош за Киев, пренесува Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Мајк Џонсон (републиканците) со месеци го одложуваше со својата партија предлог-законот со кој на Украина ќе и се обезбеди воена и финансиска помош во износ од 60 милијарди долари.

„Одлуката на американскиот Конгрес да и помогне на Украина е од витално значење. Ние признаваме дека постојат различни ставови во Претседателскиот дом за тоа како да се продолжи, но од клучно значење е да се задржи прашањето за помошта на Украина како важно прашање“, напиша Зеленски на „Икс“.

Украинските војници се во сè понезавидна ситуација на бојното поле, соочени со недостаток на муниција и оружје. Американската помош сè уште чека, а Европската унија не ја достави навреме муницијата што претходно ја вети.

Зеленски рече дека го информирал Џонсон за ситуацијата на бојното поле и „драматичното зголемување на руските воздушни напади“, што тој го нарече „терор“.

Москва ги опиша своите неодамнешни напади како „одмазда“ за украинските напади врз руските региони. Русија ја зголеми употребата на балистички ракети, кои потешко се запираат. Тие негираат дека нивни цели биле цивили, но во тие напади биле убиени многу невини луѓе.

Прикажи повеќе...

Свет

Интервјуто што предизвика тектонски земјотрес во Латинска Америка: „Што да се очекува од убиец и терорист“

Објавено пред

Колумбиската влада нареди протерување на сите аргентински дипломати од нивните амбасади по интервјуто во кое аргентинскиот претседател го нарече својот колумбиски колега терористички убиец.

dobivaj vesti na viber

„Изјавите на аргентинскиот претседател ја нарушија довербата на нашата нација и го навредуваа достоинството на претседателот Густаво Петро, ​​кој беше избран на демократски начин“, соопшти во средата колумбиското Министерство за надворешни работи. Во разговор со новинарот Андрес Опенхајмер, новиот аргентински екстремно десничарски претседател Хавиер Милај го коментирал закочениот план за економско штедење и цврстата поддршка за Израел за Газа, пренесува Јутарњи лист.

„Не можете да очекувате многу од некој кој бил терористички убиец“, рече Милај за првиот левичарски претседател на Колумбија.

Покрај него, во интервјуто го навреди и мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, нарекувајќи го „неук“. Причината за ова веројатно беше тоа што Лопез Обрадор претходно ја критикуваше политиката на Мајли и го спореди со диктатор. Во објава на социјалните мрежи во четвртокот, Лопез Обрадор возврати, прашувајќи се зошто Аргентинците гласаа за некој кој не е во право и го презира народот.

Во интервјуто кое траеше речиси еден час, Мајли го бранеше и одговорот на Израел на терористичкиот напад на Хамас, велејќи дека војната во Газа е во рамките на владеењето на правото.

„Израел беше цел на брутален напад, таквите работи бараат соодветен одговор. Израел не направи никаков вишок“, рече Мајли.

Мајли, кој е роден како католик, ја изрази својата желба да премине во јудаизам бидејќи верува дека неговата средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху била една од најтоплите што ги одржал откако ја презеде функцијата. Тој призна дека се надева дека поранешниот претседател Доналд Трамп ќе победи на американските избори во ноември, но дека имаат намера да останат сојузници со кој и да ја преземе функцијата.

САД и Израел се сојузници на Аргентина, па не е тајна дека моите идеи се повеќе слични на оние на Републиканската партија, но имаме одлични односи и со демократите, тврди Мајли.

Тој, исто така, ја повтори својата намера да ја затвори централната банка на земјата, нарекувајќи го механизам на измама, но не прецизираше кој ќе биде одговорен за фискалната политика во земјата доколку ја спроведе таа идеја. Милај призна дека неговата реформска кандидатура заглавила во Конгресот на Аргентина во последните неколку недели, но дека неговата влада останува посветена на затворање на централната банка во рок од три години.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ28 минути

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево – три млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Утрово во 4.50 часот на улицата Магистрален пат во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски...

Македонија2 часа

Притвор од 48 часа за две лица задржани по убиството на лекарот во Железара

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје...

Регион3 часа

Почна нова детаљна потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во...

Регион3 часа

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа4 часа

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет4 часа

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа4 часа

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија16 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија16 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија18 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија20 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија20 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија22 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ23 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија23 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија23 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија1 ден

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет1 ден

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет1 ден

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија1 ден

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...