Контакт

Свет

Вилијамсон екскомунициран од римокатоличката црква

Објавено пред

Бискупот Ричард Вилијамсон, кој јавно го одрекуваше Холокаустот, повеќе нема дозвола да влегува во било која Римокатоличка црква, училиште, или било каква друга установа во патријаршијата во Лос Анџелес.

Кардиналот Роџер Махони го објави решението за забрана на патријаршијата преку взаемна изјава со двајца члена на Американскиот еврејски комитет. Вилијамсон е еден од четворицата членови на ултра-традиционалистичката група кои се екскомуницирани. Тој го одрекуваше Холокаустот во интервју за телевизија во Лос Анџелес, при што тврдеше дека не постоеле концентрациони кампови со гасни комори и дека бројката на загинати евреи во Втората свеска војна е 300 илјади, а не 6 милиони.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Русија ќе го ратификува Парискиот климатски договор годинава

Објавено пред

Русија планира да се вклучи во глобалните напори за намалување на емисиите на стакленички гасови со конечно ратификување на Парискиот климатски договор пред крајот на годинава, изјави рускиот вицепремиерот Алексеј Гордеев, пренесува РТ.

Гордеев, исто така, го пофали Парискиот климатски договор како одржлива меѓународна правна основа за долгорочна регулација на климата. Според него, Русија има амбициозен план за намалување на емисиите на стакленички гасови до 75 отсто од нивоата во 1990 година до 2019 година. Русија, исто така, има за цел да ги задржи емисиите на гасови на исто ниво во следните 35 години.

Русија, петти најголем светски емитувач на стакленички гасови, го потпиша Парискиот климатски договор, чија цел е ограничување на глобалното затоплување до 2 степени Целсиусови во април 2016 година, заедно со други земји. Во ноември 2016 година руската влада воведе план за ратификација, вклучително и оценка на економските ефекти од договорите и можните промени во енергетската политика.

Раководителот на Програмата за климатски и енергетски работи на WWF Russia, Алексеј Кокорин, го пофали планот за скоро ратификување на документот.

„Русија само треба да продолжи да ги спроведува своите планови за одржлив развој кои вклучуваат зголемување на енергетската ефикасност или модернизација на термоелектраните до 2030 година. Ова ќе биде многу пристоен придонес”, рече Кокорин.

Тој додаде дека ратификувањето на Парискиот климатски договор ќе им помогне на руските претпријатија да учествуваат во проектите за одржлив развој и да привлечат нови инвеститори.

Досега, 184 држави и ЕУ го ратификуваа Парискиот климатски договор. Меѓутоа, САД станаа единствената земја што се повлече од глобалните напори за справување со емисиите.

Во август 2017 година, американскиот претседател Доналд Трамп го објави повлекувањето на земјата од Парискиот климатски договор во согласност со ветувањата од неговата кампања и политиката „Америка пред се”, велејќи дека тоа ќе им помогне на американските индустрии, особено на рударството.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Катедралата Нотр Дам забрзано се прекрива поради опасност од дожд 

Објавено пред

Архитектите кои веќе работат на реновирањето на париската катедралата Нотр Дам имаат нов проблем бидејќи најавениот дожд може дополнително да ја оштети, па црквата забрзано ја прекриваат, објави Би-би-си.

Итно поставување на помошни церади е еден од најголемите приоритети.

Имено, сводот на катедралата, кој делумно се урна за време на пожарот што го погоди Нотр Дам минатиот понеделник, веќе е натопен со вода.

Покрај тоа, постојат три големи дупки во сводот.

Едната од нив беше создадена кога се урна камбанаријата.

Архитекти се плашат дека силниот дожд може да предизвика понатамошно уривање на црквата.

Веќе се планира да се распне специјален функционален „чадор” на покривот на црквата, така што реконструкцијата ќе се одвива без големи проблеми.

Но, овој чадор сè уште не е подготвен, а заканата од врнежи е премногу сериозна за да се чека на нејзиното распнување.

Дождот се предвидува да падне во Париз в четврток.

Прикажи повеќе...

Свет

Али Камнеи: Иран ќе извезува нафта колку што му е потребно

Објавено пред

Иранскиот врховен лидер Али Камнеи, реагирајќи на понеделничката изјава на САД дека нема да ги повлечат санкциите за иранските увозници на нафта по 2 мај, истакна дека Иран може да извезува онолку нафта колку што му е потребно, пренесува „Спутник“.

„Американските напори за санкционирање на продажбата на иранската нафта нема да стигнат никаде. Ние можеме да извезуваме колку нафта колку што ни треба и колку што сакаме”, рече Камнеи.

Покрај тоа, Вашингтон објави дека САД, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати ќе се погрижат глобалниот нафтен пазар да остане соодветно снабден.

САД ги наметнаа санкциите за нафтената индустрија во Иран во ноември, откако унилатерално се повлекоа од Заедничкиот сеопфатен акционен план од 2015 година со кој беа укинати  ограничувањата на Техеран под услов Исламската Република да ја задржи мирнодобската природа на својата нуклеарна програма.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

Финансиската полиција денес добила пријава за контрола на работењето во ИВЗ

Управата за финансиска полиција денес добила пријава со барање за финансиска контрола во Исламската верска заедница(ИВЗ). Од Управата демантираат дека...

Македонија53 минути

Бузаку: Објектот на ИВЗ е под окупација

Самопрогласенот поглавар на Исламската верска заедница, Скендер Бузаку, кој е назначен на оваа функција со решение од судот, во изјава...

Македонија1 час

ИВЗ: Невозможно е Реџепи да се сретне со Бузаку

Портпаролот на Исламската верска заедница, Агрон Војника, запрашан дали ќе се бара компромисно решение меѓу Сулејман Реџепи и Скендер Бузаку по...

Македонија3 часа

Комисијата за односи со верските заедници демантира вмешаност во превирањата во ИВЗ

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи демантира каква било вмешаност во настаните во Исламската верска заедница. Од...

Свет3 часа

(Видео) Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија, каде што утре во Владивосток ќе се сретне со рускиот...

Македонија17 часа

(Видео) ИВЗ: Судот не одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар на МПЦ

Судот не е тој што одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар...

Свет22 часа

(Видео) Камерите снимија терорист кој влегува во црквата непосредно пред масакрот

Медиумите на Шри Ланка објавија снимка од надзорните камери снимена непосредно пред еден од нападите. Како што известува „Гардијан“, се...

Македонија23 часа

Северна Македонија или Македонија? Караџовски и Адеми расправаa како да ја пишува државата на извештајот

Членовите на Судскиот совет го изгласаа годишниот извештај за работата за 2018 година, но претходно претседателот Зоран Караџовски и членот...

Топ24 часа

Мицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

По најавите на премиерот Зоран Заев дека власта ја примила пораката од граѓаните и дека ќе следуваат кадровски промени, лидерот...

Топ1 ден

Поднесено обвинение против родителите чии деца загинаа во пожар во Велес

Против мајката и таткото, чии деца во јуни минатата година загинаа во пожар во куќа во Велес, е поднесено обвинение...

Македонија1 ден

(Видео) Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен, кој е во бегство

Ни една мајка не треба да го закопа својот син, казната е толкава колку што е предвидено во законот. Не...

Македонија1 ден

(Видео) По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири, кои на 29 јуни...

Свет1 ден

Евакуирана Сиднејската опера поради истекување гас

Стотици луѓе се евакуирани денес од Сиднејската опера и околината поради истекување гас, а раководството на куќата објави дека настапите...

Регион1 ден

Убиецот на бугарската телевизиска новинарка осуден на 30 години затвор

Бугарскиот суд го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор за силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова. Телото...

Свет1 ден

(Видео) Базен на врвот на висококатница се излеа за време на земјотресот во Манила

Филипините вчера ги погоди силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер поради што се тресеа многу згради, а...

Свет1 ден

Најмалку 11 жртви и 24 исчезнати во земјотресот во Филипини

Најмалку 11 лица загинаа, 24 исчезнати, а повеќе од 80 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен, кој...

Топ2 дена

(Видео) Дац му подари метла на Заев, премиерот возврати – чистка ќе има

Актерот Драган Спасов Дац на вечерашната трибина на СДСМ во Карпош му подари метла на премиерот Зоран Заев, порачувајќи му...

Европа2 дена

Курц ја осуди песната во која мигранти се споредуваат со стаорци

Aвстрискиот канцелар, Себастијан Курц, побара од помалиот партнер во владејачката коалиција, десничарската Партија на слободата на Австрија, да се дистанцира...

Избори 20192 дена

(Видео) Поништено гласањето на избирачко место во Ѓорче Петров, имало вишок гласачки ливчиња во кутијата

Три гласачки ливчиња повеќе во кутијата од бројот на гласачи нотира Државната изборна комисија во едно избирачко место во општина...

Свет2 дена

Кои се жртвите во Шри Ланка: Деца, познати готвачи, келнери, политичари…

Во терористичките напади во Шри Ланка загинаа најмалку 290 луѓе, а повеќе од 500 се повредени. Меѓу нив, повеќето луѓе...

Досие